Во Македонија и не е така лошо! - Медиумите во Северна Ирска - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во Македонија и не е така лошо! - Медиумите во Северна Ирска PDF Print E-mail
Thursday, 18 August 2011 00:00
Article Index
Во Македонија и не е така лошо!
Што е всушност конфликтот?
Некои факти за конфликтот
Иницијативите за помирувањето
Медиумите во Северна Ирска
Како учесниците ја видоа Северна Ирска
All Pages

Медиумите во Северна Ирска

Третиот ден им беше посветен на медиумите. Белфаст Телеграф, ББЦ Северна Ирска и ТВ Висион. Освен за известувањето во време на конфликтот, учесниците се интересираа за функционирањето на медиумите, справувањето со предизвиците на Интернетот и социјалните медиуми итн. Последен во низата беше медиумот за млади – Вимпс што всушност е веб страница, водена од млади луѓе, кои ги користат последните веб технологии да им помогнат на младите да контактираат и влијаат на оние кои ги носат одлуките за нивните животи. Страницата им овозможува да го најдат пратеникот од нивната област и да му испратат порака за прашања што им се важни, можат да ја споделат нивната приказна, да дискутираат итн.

mediumi1

mediumiЕден од домаќините на студиската посета, Мајк Гастон е поранешен новинар на ББЦ. Работел и известувал за конфликтот помеѓу 1980 и 1990. „Жртви во конфликтот не се само загинатите", вели Мајк, „туку и нивните семејства и сите кои на некој начин биле инволвирани со жртвата". И денес многу живо се сеќава на известувањето за бомбардирањето на една рибарница, на погледот на сестрата на бомбашот кој загинал. „Работењето на новинарот во такви услови е предизвик," вели Мајк, „и во тој предизвик, најважно е да не се загубиш себе си." Според него, важно е луѓето да научат да се справуваат со некои ситуации фер и праведно. Во врска со известувањето на ББЦ, тој вели дека секогаш се прави двојна проверка на приказните, на двете страни. Постојат принципи на известување во конфликти и тие се постојани. Ситуациите во конфликтот се менуваат многу брзо, во еден момент е безбедно, а веќе во следниот – не. Мајк Гастон сега работи како медијатор и советник за медиумски групи.

Последниот ден беше посветен на не толку познатите прашања поврзани со Мировното новинарство и Моралната имагинација.



 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Во Македонија и не е така лошо! - Медиумите во Северна Ирска