Thursday, 18 August 2011 00:00 |
Page 3 of 6
Некои факти за конфликтот
Конфликтот на островот датира од 12 век кога во Ирска пристигнале доселеници од Британија. Во 1916 година е кренато востанието во Даблин против улогата на Британија на островот. Во 1921 година е потпишан договор кој водел кон воспоставување на слободна Ирска држава составена од 26 региони. Останатите 6 региони останале во составот на Северна Ирска, а таа останала во составот на Британското кралство.
30-годишниот конфликт меѓу протестантите и католиците во Северна Ирска започнал во 1968 година со кампањата за граѓански права на католичката заедница.
- Протестантите и католиците не се согласуваа за многу прашања, на пример ни за тоа како да ја викаат државата. Тие дури различно ги именуваат некои од градовите.
- За време на 30-годишниот конфликт животот го загубиле повеќе од 3.600 лица
- Договорот од Велик петок (или Велигденскиот договор) е донесен на 10 април 1998 година.
- 20% од „мировните ѕидови" се направена по Договорот.
- 95% од учениците учат во поделени училишта. Најголем дел од нив не се среќаваат со „другите" до запишување на факултет, а некои ни тогаш.
- 97% од јавните установи се сегрегирани.
- 70% од луѓето велат дека повеќето од нивните пријатели се од иста религија.
- 10% од браковите се мешани
- Нема вистински средби меѓу заедниците. Меѓусебно не се посетуваат или тоа се случува многу ретко.
- Дури и во спортот се поделени: протестантите навиваат за Глазгов ренџерс, а католиците за Селтик.
|