За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не PDF Print E-mail
Thursday, 19 May 2011 09:32
Македонски општествени вредности(Прес соопштение) МЦМС спроведе истражувањето „Македонски општествени вредности“. Во ова соопштение ви ги презентираме ставовите за демократијата и толеранција.

Демократијата е добар политички систем за 82,7 % од граѓаните. Најмала поддршка демократијата има кај граѓаните од работничката класа (24% сметаат дека е лош систем). Демократијата е трета најважна вредност за граѓаните лично и втора вредност која најдобро ја претставува Македонија.

Нивото на толеранција и натаму е ниско. Голема е општата нетолеранција и особено кон пет категории луѓе: соседи кои се зависници од дрога, зависници од алкохол, луѓе со криминално досие, лица заболени од сида и хомосексуалци. Во однос на 2008 година, зголемена е толерантноста кон луѓе од други етнички заедници, луѓе од друга вера и хомосексуалци. За одбележување е тоа што прв пат во истражувањата мнозинството испитаници (56,6 %) искажуваат толеранција кон Ромите.

Граѓаните не би сакале установи за згрижување на маргинализирани групи во своето соседство, освен за пензионерски домови (81,7% поддршка). За мнозинството (57,8%) е во ред да има во соседството и дневен центар за лица со хендикеп.

Околу 80 % од граѓаните се религиозни, и според наодите религијата претставува апсолутен стандард. Еден од три граѓани (30,9 %) има став дека има само една вистинска религија и таков став имаат еден од двајца или половина од етничките Албанците, односно муслиманите (49 %, односно 47 %). Доколку се вклучат и ставовите дека има една религија, но дека и другите религии содржат некои основни вистини, тогаш 62,7% од граѓаните сметаат дека има една религија. Кај етничките Албанците, односно муслиманите таков став имаат 79%, односно 80%, додека кај етничките Македонци таков став имаат 55%. Ваквите ставови би можеле да бидат основа на верска нетолеранција.

Дека постои една исправна партија, смета незначително малцинство од 8,4 %. Сумирани ставовите дека постои една или има повеќе исправни партии, тие изнесуваат 48,9 %, наспроти ставот дека ниедна партија не е исправна (42,6 %), вклучително и за секој четврти нивни член.

Анкетата за МЦМС ја спроведе агенцијата „Рејтинг“, на национален репрезентативен примерок од 1.066 испитаници.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News За прв пат мнозинство граѓани толерантни кон Ромите; религијата апсолутен стандард, партиите не