Подобрување на видливоста на одделението за НВО 2006 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобрување на видливоста на одделението за НВО 2006 PDF Print E-mail
Tuesday, 24 June 2008 11:55

Општа цел на проектот беше обезбедување поддршка на Владата за изработка и спроведување на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Цел на проектот беше изработка и спроведување на стратегија за комуникација на Одделението за соработка со невладините организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија (Одделението) и овозможување поголема достапност и видливост кон граѓанските организации и јавноста.

Целна група беа граѓанските организации и јавноста.

Директни корисници беа персоналот на Одделението и Генералниот секретаријат.

Во рамките на проектот следните активности беа преземени:

  1. Мапирање и анализа на искуствата од други земји
  2. Изработка на мерки за видливост и насоки комуникација со граѓанското општество

Врз основа на препораките од подготвениот документ, беше: Подготвен и испечатен лифлет со основните податоци за работата на Одделението; Испечатена и дистрибуирана Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор; Организирана координативна средба со државни службеници одговорни за соработка со граѓанските организации; Прес конференција за јавноста; Изработена и функционална интернет страница; Организирана презентација на Стратегијата, нејзините цели и мерки пред претставници на единиците на локалната самоуправа;

Во рамките на проектот се превземаа и низа мерки за обезбедување на видливоста на дадената поддршка од страна на Европската агенција за реконструкција во согласност со договорните одредби и правилата кои ги налага поддржувачот.

Времетраењето на проектот беше мај 2006 – септември 2007.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Подобрување на видливоста на одделението за НВО 2006