Градење капацитети на одделението за соработка со НВО 2006 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети на одделението за соработка со НВО 2006 PDF Print E-mail
Tuesday, 24 June 2008 11:49

Општа цел на проектот беше да се обезбеди поддршка на Владата за изработката и спроведувањето на кохерентна долгорочна политика и стратегија за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.

Цел на проектот беше развој и спроведување мерки за градење на капацитетите на персоналот на Одделението за соработка со невладини организации при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија (Одделението) и одговорните државни службеници за соработка со граѓанските организации при органите на државната управа.

Целна група беа Владата на Република Македонија, органи на државната управа, одговорните државни службеници и граѓанските организации во Македонија како целина.

Директни корисници беа персоналот на Одделението како и одговорните државни службеници кои тесно соработуваат со Одделението и граѓанскиот сектор.

Во рамките на проектот следните активности беа преземени:

1. Анализа на капацитетот на персоналот и изработка на план за обуки

Потребата за обука и градење капацитети на персоналот на Одделението и органите на државната управа беше оценета преку анализа на постоечките и потребните капацитети и вештини. Оценката ја направија двајца меѓународни експерти за организациски развој: John Hailey од Велика Британија како независен експерт и Hans-Norbert Lahme од COWI A/S. По завршената проценка на потребите за обука и градење на капацитети од страна на меѓународните експерти, се подготви План за спроведување.

2. Спроведување на планот за обуки и студиски посети

Основните активности за градење на капацитетите беа преку студиски посети, обуки на специфични теми и обука низ работа за персоналот на Одделението. Вкупно беа спроведени три студиски посети на кои учествуваа 40 преставници;  четири обуки на кои учестваа 68 учесници и две обуки низ работа (студиски пракси) за дваца претставници на Одделнието.

2.1. Студиски посети

Во рамките на проектот беа остварени три студиски посети во Унгарија, Данска и Велика Британија.

2.2. Обуки

Согласно Планот за градење на капацитетите на Одделението и другите државни службеници беа организирани четири обуки. Беа организирани обуките за односи со јавност и граѓанскиот сектор, Обука за стратешка анализа, следење и оценка, Обуката за димензии на граѓанското општество и Обуката за финансиски менаџмент.

2.3. Обука низ работа/студиска пракса

Во текот на спроведување на проектот се идентификуваше потребата за практична обука и градење на капацитетот на персоналот на Оддделението во слични одделенија од регионот. Михо Владимиров, советник во Одделнието беше на обука низ работа во Канцеларијата за граѓански организации при Владата на Република Хрватска, во Загреб од 9 до 21 јули 2007 година. Додека Есма Адиловиќ, помлада соработник,  беше на обка низ работа во Љубљана од 9 до 22 јули 2007 година во  Министерство за јавна администрација, Влада на Рeпублика Словенија.

2.4. Практична обука на работно место

Оваа активност се одвиваше во текот на спроведување на проектот преку активно вклучување на персоналот на Одделението во проектните активности.  Целта на оваа активност беше заедничко планирање и извршување на задачите што во иднина треба да го овозможи континуираното развивање на капацитетот на Одделението

Времетраењето на проектот беше од мај 2006 до септември 2007.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Градење капацитети на одделението за соработка со НВО 2006