Вечер: Промоција на публикации финансиски поддржани од МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вечер: Промоција на публикации финансиски поддржани од МЦМС PDF Print E-mail
Tuesday, 30 December 2008 13:36

ea1906fb6ca5844ea79f8d1f66a328deСо цел да се поттикнат теми од областа на граѓанското општество во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, беа промовирани три публикации. Станува збор за книгите "Слободата на изразувањето" на авторот м-р Слаѓана Димишкова, новинар во дневниот весник Вечер, кој наедно е и издавач на оваа публикација заедно со Првиот приватен универзитет - Европски универзитет, потоа "Невладиниот сектор како етички коректив на општеството" на м-р Дејан Донев и "Функционирање на економско-социјалниот совет на РМ" на м-р Андон Мајхошев.

Промотор на книгата "Слободата на изразувањето" беше Драган Павловиќ-Латас, главен и одговорен уредник на Вечер и одговорен уредник на телевизија Сител. Тој истакна дека слободата на говорот е основно средство, оружје за се, притоа потенцирајќи дека од остварувањето на ова човеково право зависи и реализирањето на сите останати права.

Во овој дел стана збор и за последниот актуелен случај од слободата на изразувањето, судскиот случај меѓу Љубомир Фрчкоски и Никола Груевски. Фрчкоски беше тужен за колумната објавена во Дневник насловена како "ОКТА визави Кољо дијамантот", во која тужениот навел дека Груевски тогаш како министер "потпишал штетен анекс договор". Инаку, Фрчкоски кој вели дека судските одлуки не се коментираат, ги коментира самиот. Откако беше донесена пресудата со која тој е обврзан да плати околу 30 илјади евра, излезе со коментар за истата, а самиот вели дека пресудите не се коментираат. Контрадикторноста во неговите изјави продолжува, прво кажува едно, а потоа самиот се демантира.

Останатите две публикации ги промовираа д-р Лидија Христова и д-р Александар Димитриев. На причините, зошто МЦМС финансиски го поддржа издавањето на публикациите, се осврна извршниот директор Сашо Клековски. Правата е да се поддржат истражувања на лица кои имаат специјалност во одредени области, а не секој да се прогласува за експерт од сите области; второ, да се промовираат нови имиња со кои ќе се разбранува општествената сцена и дискусијата; трето, МЦМС не се согласува со сите ставови на авторите, но смета дека за квалитетна дискусија потребно е да има различни ставови.

"Слободата на изразувањето" во издание на ВЕЧЕР предизвика најголем интерес.

Извор: Вечер (24.12.2008)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Вечер: Промоција на публикации финансиски поддржани од МЦМС