А1: Акцијата „Кажи Македонија“ оценета како успешна - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Акцијата „Кажи Македонија“ оценета како успешна PDF Print E-mail
Wednesday, 07 April 2004 01:00

На денешната средба во Собранието невладините организации, организатори на акцијата „Не викајте ме фиром“, побараа од македонската делегација во парламентарното Собрание на Советот на Европа да ги пренесат во Стразбур ставовите на граѓаните во врска со документот издаден од Советот на Европа со кои се навредуваат македонските културни и национални чувства.

И покрај почетниот страв дека акцијата може да се претвори во националистичка хистерија според организаторите таа е успешна и во неа се вклучија околу 300.000 граѓани.

kazi-makedonija1„Сметаме дека по вакво прашање може да се постигне национален консензус без разлика на верска, политичка и друга припадност“, рече Сашо Клековски МЦМС.

Либералот Андов ја поздрави акцијата но според него не треба да се заборави и подршката што Македонија досега ја добивала во Советот на Европа. Тој потсети на примерот со британскиот Лорд Есберг кој уште во 95-та реагирал на референцата ФИРОМ.

„Ќе гласам за овој предлог но после 6 месеци сам ќе барам резолуција со која оваа глупост да биде отфрлена, рече тогаш Лорд Есберг но за жал набргу почина“, вели Стојан Андов.

Пратеничката Елеонора Петрова рече дека акцијата треба да продолжи и во други меѓународни организации, а за Владимир Милчин од институтот отворено општество акцијата е доказ дека граѓаните се за интеграција и ја повика Европа да ја укине референцата ФИРОМ доколку сака стабилен Балкан.

Извор: А1 (07.04.2004)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media А1: Акцијата „Кажи Македонија“ оценета како успешна