Потребно е интензивирање на соработката на ДКСК и граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Потребно е интензивирање на соработката на ДКСК и граѓанските организации PDF Print E-mail
Wednesday, 18 June 2014 15:41

На 16 јуни, 2014 година, во просториите на МЦМС беше организирана средба меѓу Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и граѓанските организации потписнички на Меморандумот за взаемна поддршка за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Цел на средбата беше меѓусебно информирање за активностите на граѓанските организации и на ДКСК, и разгледување на можностите за подобрување на соработката.

IMG 1644

Емина Нурединоска од МЦМС, во своето воведно обраќање истакна дека состанок е инициран заради потребата од интензивирање  на соработка помеѓу ДКСК и граѓанските организации. Таа смета дека е потребна поголема отвореност на ДКСК кон граѓанските организации и нивно вклучување во процесите и активностите на ДКСК. Мирјана Димовска, член на ДКСК, истакна дека за нив, соработката со граѓанскиот сектор има големо значење, особено во подигнувањето на јавната свест, како еден од клучните аспекти во сузбивањето на корупцијата.

На состанокот присуствуваа 12 претставници од девет граѓански организации кои ги презентира активностите на своите организации поврзани со добро владеење и антикорупција и дадоа идеи како соработката со ДКСК може да се прошири и унапреди.

IMG 1651

Присутните заклучија дека ќе се воспостави пракса на редовни тримесечни состаноци и ќе се организираат тематски работилници на кои ќе се разгледуваат прашања поврзани со спроведувањето на Програмата за превенција и репресија на корупцијата и за превенција и намалување на појавата на судир на интереси.

Иницијативата за состанокот е во рамките на програмата на УСАИД за анти корупција спроведувана од МЦМС и партнерските организации.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Потребно е интензивирање на соработката на ДКСК и граѓанските организации