А1: Развојот на општините зависи од соработката на бизнисмените и општината - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Развојот на општините зависи од соработката на бизнисмените и општината PDF Print E-mail
Sunday, 19 December 2004 01:00

Локалниот економски развој на Велес како услов за опстојување на општината во процесот на децентрализацијата запна кај бизнис секторот. Ниту изготвената стратегија за економски развој обидите на општината да воспостави контакт на велешките бизнисмени со потенцијални инвеститори не вродија со плод.

Приоритетен проблем за анимирање на бизнис секторот останува неедуцираноста на стопанствениците и отсуството на визија и интерес за вклучување во локалниот економски развој.

И додека најголем дел од велешките бизнисмени, со чест на исклучоци, го претпочитаат својот џеб пред интересот на граѓаните, експертите укажуваат дека бизнис секторот треба да биде носител на економскиот развој на општината.

„Со посебен фокус на што повеќе вклучување структури, квалитетни бизнисмени кои ќе дадат свој придонес во изработката на квалитетна и практична стратегија за локален економски развој“, вели Димче Митревски одделение за развој на МЦМС.

Од веќе подготвената стратегија за економски развој Велес приоритетно очекува да придонесе за намалување на стапката на невработеност како приоритетен проблем.

„Со тоа што ќе се намали енормниот број на невработеност, кој сега е некаде 17.000 и од друга страна ќе има позитивни импликации врз социјалната инфраструктура“, рече Сашко Ристовски координатор на ЛЕР.

Во моментов во тек е постапка за ревизија на стратегијата за економски развој на Велес. Дали во меѓувреме сопствениците на мали и средни претпријатија ќе ги прифатат искуствата на своите странски колеги останува отворено прашање. По околности на замрени индустриски капацитети иднината на Велес стручњаците ја гледаат само во претприемаштвото.

Извор: А1 (19.12.2004)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media А1: Развојот на општините зависи од соработката на бизнисмените и општината