А1: Продажбата на ЕСМ со катастрофални последици по целата економија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Продажбата на ЕСМ со катастрофални последици по целата економија PDF Print E-mail
Tuesday, 20 April 2004 01:00

Што ќе донесе продажбата на ЕСМ? Катастрофални последици по целата економија, тврдат економските експерти. Владините експерти пак велат, нови инвестиции и квалитетно снабдување со електрична енергија, која ќе биде само малку поскапа од сегашната.

„Прстот над цената, мое очекување е дека ќе се движи меѓу 20 и 30% од постојната просечна цена денеска во Македонија“, изјави Трајчо Черепналковски, МЕПСО.

„Да не влегуваме во таков тип шпекулации. Толку ќе поскапи, колку што ќе му одговара на инвеститорот. Едноставно, колку што ќе биде лаком или ќе очекува екстра профити од својата инвестиција. Затоа и ние тука сме пред една неизвесна иднина во смисла на тоа дали ќе биде тоа 100, 200, 20, 40, како што се добри желби на Владата, но виделе дека нема регулативни механизми“, рече Наталија Николовска, универзитетски професор.

„Зголемувањето на струјата ќе го зголеми инпутот во целокупното производство што се остварува во РМ. Значи, уште повеќе влошување на состојбата во македонското стопанство и како последна алка во овој магичен круг или волшебен круг на сиромаштија, сето тоа ќе доведе до натамошно влошување на животниот стандард на населението“, вели Сашо Ќосев, Економски Факултет.
Споредбата со Телеком и добиените пари од таа продажба беа неминовни.

„Ќе го продадеме што за 300, што за 500 милиони. Од тоа половината ќе отидат за долг, другата половина ќе отиде за некакви проекти, каде ефектите на крај нема да оправдаат тоа што сме го направиле“, изјави Сашо Клековски, МЦМС.

Ова беше уште една во низата трибини, организирани во врска со продажбата на ЕСМ. Речиси дека нема експерт во државава што го прифати моделот за продажба што го одбра Владата.

Единствено владините претставници ја бранат тезата дека ЕСМ треба да се продава веднаш и во една целина.

Извор: А1 (20.04.2005)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media А1: Продажбата на ЕСМ со катастрофални последици по целата економија