Утрински весник: Расте довербата во државата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Расте довербата во државата PDF Print E-mail
Saturday, 22 November 2008 01:00

Во Македонија е релативно ниска општата доверба и довербата во институциите. Граѓаните имаат висока доверба во сличните - доверба во семејството (97,8 отсто) и пониска општа доверба (23,1 отсто) и доверба во институциите. Ова го покажа најновата анализа на Македонскиот центар за меѓународна соработка, кој по трет пат ја истражуваше општата доверба, довербата во институциите и довербата во граѓанското општество.

Индексот на доверба на институциите е 43,9, со раст на довербата во државата (48,1 отсто) и намалување на довербата во деловниот (47 отсто), граѓанскиот сектор (41,7 отсто) и во меѓународната заедница (42,8 отсто). Медиумите (53,6 отсто) и локалната самоуправа (44,7 отсто) имаат стабилна доверба.

Образовните институции (65,8 отсто), Армијата (64,6 отсто), полицијата (56,6 отсто) и јавните здравствени организации (55,1 отсто) ја имаат довербата на мнозинството, а јавните комунални претпријатија (38,8 отсто) на малцинството. Претседателот (35,6 отсто) и Собранието на Македонија (38 проценти) имаат поддршка на малцинството. Граѓаните имаат најмалку доверба во судството (21,2 процента).

Се забележува понатамошен пораст на довербата во Владата (и во државата). Довербата во Владата е зголемена на 51 процент од 44,6 отсто во 2007 година и 26,6 отсто во 2006 година. Во однос на претходната година се забележува раст на довербата во јавните здравствени организации и во лекарите. Што се однесува до довербата во граѓанското општество, граѓаните најголема доверба имаат во црквите и во верските заедници (65,6 отсто), додека има поделеност во довербата кон граѓанските организации (41,2 отсто).

Истражувањето се спроведува преку усна анкета во домаќинствата на национален репрезентативен примерок. Анкетата ја спроведе Институтот за социолошки и правно-политички истражувања. Анкетата е спроведена во октомври оваа година на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот била население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност биле: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

 

Извор: Утрински весник (22.11.2008)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: Расте довербата во државата