Вечер: Расте довербата во Владата |
Saturday, 22 November 2008 01:00 | |||
Доверба во Владата е зголемена кај етничките Македонци и изнесува 56,2 проценти, а е на исто ниво како претходно кај етничките Албанци која изнесува 38,5 отсто. Довербата на граѓаните во Владата е повисока за 6,4 отсто, односно довербата е зголемена на 51 проценти, за разлика од 44,6 отсто во 2007 година и 26,6 отсто во 2006 година, велат резулатите од испитувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Граѓаните, освен во Владата имаат висока доверба во семејството. Дури 97,8 проценти од анкетираните се изјасниле дека веруваат во семејството. Медиумите ја имаат довербата на 53,6 проценти од граѓаните, а во локалната самоуправа доверба имаат 44,7 отсто од испитаниците. Образовните институции со 65.8 проценти, армијата со над 64 проценти, полицијата 56.6 насто и јавните здравствени организации со 55.1 проценти, ја имаат довербата на мнозинството. Граѓаните најмалку доверба имаат во судството. Само 21 отсто од анкетираните се изјасниле дека веруваат во судството.
Извор: Вечер (22.11.2008)
|