Дневник: Расте поддршката за Владата |
Saturday, 22 November 2008 01:00 | |||
Од државните институции македонските граѓани најмногу и' веруваат на Владата, а најмалку на судството, покажало последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка за довербата во институциите и довербата во граѓанското општество. Според податоците од анкетата, граѓаните највисока доверба имаат во семејството. Индексот на доверба на институциите е 43,9, со раст на довербата во државата, а намалување на довербата во деловниот, граѓанскиот сектор и во меѓународна заедница. За разлика од минатата година, кога поддршката за Владата била над 44 отсто, годинава процентот е зголемен на 51 отсто. Довербата во Владата е зголемена кај етничките Македонци, а е на исто ниво како и претходно кај етничките Албанци. Нема поголеми промени за поддршката на претседателот на државата која се движи околу 35 проценти, а само три проценти повеќе има поддршка Собранието. Граѓаните имаат најмалку доверба во судството - 21, 2 отсто.
Извор: Дневник (22.11.2008)
|