Законска рамка за граѓанските организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Законска рамка за граѓанските организации PDF Print E-mail

Основите за слободно дејствување на граѓанските организации се утврдени со Уставот на Република Македонија и специфично за здруженијата на граѓани и фондациите со Законот за здруженија на граѓани и фондации. Иако овој закон дава добра основа за слободно делување на граѓанските организации, забележана е потреба од осовременување на одредбите и нивно прилагодување на реалните потреби на граѓанските организации и приклучување кон позитивните европски трендови. Од друга страна поттикнувачка правна и фискална рамка е предуслов за развој на граѓанско општество со домашна поддршка.

Општа цел на проектот беше придонес кон подобрена правна рамка и зголемена финансиска одржливост на граѓанските организации во Република Македонија. Цел на проектот беше партиципативна измена на основната законска регулатива за делување на граѓанските организации  во Република Македонија.

Целна група беа граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје беше Република Македонија.

Со проектот не е постигната целосна реализација на очекуваните резултати кои се однесуваа на усогласеноста за клучните промени во Законот за здруженија на граѓани и фондации и подготвен предлог на нов Закон за здруженија и фондации (ЗЗФ). Причината беше продолжување на рокот за подготовка на Законот од страна на Министерството за правда кој е предвиден за август 2009 година.

Со проектот беа спроведени следните активности:

а) Состаноци на работната група за подготовка на нов Закон за здруженија и фондации: МЦМС директно учествуваше во активностите на работната група за подготовка на новиот Закон за здруженија и фондации. Одговорниот соработник во МЦМС покрај директната вклученост во подготовка на законскиот текст, беше ангажиран и во подготовката на компаративните анализи и материјали потребни за подготовка на законскиот текст.  Исто така,  организацијата и логистичката поддршка на двата еднодневни состаноци на работната група кои се одржаа во март и декември беше дадена од страна на МЦМС.

Бидејќи другите активности коишто беа предвидени со проектот (јавна расправа и работилница за државните службеници), се последователни активности на донесен Закон за здруженија и фондации истите не се отпочнати со реализирање.

Проектот се спроведе во периодот од 1 март до 31 декември 2008 година.

 

Извршно резиме од проектот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Законска рамка за граѓанските организации