Утрински весник: ЕУ финансира пет проекти за меѓуетничко помирување во земјава - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: ЕУ финансира пет проекти за меѓуетничко помирување во земјава PDF Print E-mail
Monday, 16 October 2006 01:00

Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници ќе бидат во фокусот на пет проекти, финансирани од ЕУ со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите, кои се дел од пошироката програма во вредност од три милиони евра, финансирана од ЕУ за развој на граѓанското општество, вчера беа претставени на промоцијата во Европската агенција за реконструкција, на која присуствуваше и заменик-премиерот Радмила Шекеринска.

3283

Таа изрази надеж дека проектите ќе придонесат за зајакната меѓусебна доверба и јасна визија за европска Македонија. "Оваа перспектива мора да вклучи меѓуетничка доверба, толеранција, широки погледи, одговорност и други карактеристики што земјава може да ги понуди во Европа, а за кои ќе биде потребно добра волја и тешка работа", рече Шекеринска.

"Вистинскиот успех на проектите ќе се види ако по нивното завршување, ЕУ утврди дека нема потреба повеќе да вложува во вакви проекти, бидејќи Македонија сама ќе може да ги спроведе", додаде таа.

Првиот проект наречен "Страници за меѓусебно разбирање" содржи иницијатива од пет медиуми : "Дневник", "Утрински весник", "Факти", "Вечер" и "Лоби", за објавување преведени текстови од меѓусебни натписи за меѓуетничките односи. Планирано е редовно објавување на натписи на тема меѓуетнички односи, на заедничка страна во весниците во период од две години. Проектот ќе го раководи МЦМС, заедно со Асоцијацијата на новинари и Македонската информативна агенција-МИА.

Проектот на "Кеар" Холандија ги вклучува водечките високообразовни институции во земјава што ќе организираат заеднички активности за студентите по право. Во текот на следните две години, Детскиот куклен театар од Скопје ќе зближи 12 илјади деца на возраст меѓу седум и девет години, од 12 заедници, за кои ќе бидат изведувани куклени претстави кои промовираат меѓуетничка толеранција. Овој проект ќе го имплементира НВО "Потрага по заедничка основа во соработка" со Детскиот театарски центар. Во четвртиот проект, со кој ќе раководат "Крик" и Првата детска амбасада во светот Меѓаши, ќе бидат вклучени младинци од три етнички мешани училишта кои ќе продуцираат театарски претстави во 16 општини во земјава. А НВМ "Европска перспектива", во рамките на својот проект ќе работи на подобрување на меѓуетничките односи во општините Арачиново, Липково и Чаир. (Д.Т.)

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Утрински весник: ЕУ финансира пет проекти за меѓуетничко помирување во земјава