Сител: Балканците се уште далеку од визно олеснување! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сител: Балканците се уште далеку од визно олеснување! PDF Print E-mail
Tuesday, 26 August 2008 01:00

За само 2 месеци околу 90 граѓани се обратиле на слободната инфо- линија, со поплаки на адреса на амбасадите, или поради недостиг на информации за визното олеснување.

3e9d5b0cf1e8f6499fd7940a4be5a887Најдискриминирани во процедурата за добивање виза се превозниците во меѓународниот транспорт. Но меѓу незадоволните имало и новинари како и културни работници. Причината е, секоја амбасада со сопствена визна политика. Дел од нивната честа пракса е да бараат дополнителни документи од оние предвидени со спогодбата. Оргинали наместо фотокопии, увиди во банкарски сметки. Не ретко се појавуваат и скриени трошоци.

Според информации на МНР на листата на амбасади кои најчесто ја кршат спогодбата се оние во чии земји и најчесто се патува. Италијанската, германската, француската, австриската.

И останатите балкански земји, иако потписници на спогодбата се уште се далеку од визно олеснување. Најлоша е состојбата во Албанија каде амбасадите поставуваат уште поригорозни критериуми, поради честото искуство со фалсификувани документи и патни исправи.

Спогодбата за олеснување на визниот режим стапи во сила на почетокот од годинава, за жал граѓаните се уште ја доживуваат како позитивна идеја која никако да се спроведе во пракса. Во јуни мешовитиот комитет на МНР сите забелешки за визното олеснување и ги пренесе на европската комисија. Резултати се уште нема, ниту пак дел од амбасдите ги исправија грешките.

Поради лошите резултати од спроведувањето на спогодбата , од МЦМС предлагаат визното олеснување да се замени со целосна визна либерализација.

Извор: Сител (26.08.2008)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Сител: Балканците се уште далеку од визно олеснување!