Обука за обучувачи за недискриминација |
Friday, 10 April 2009 15:14 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на програмата Македонија без дискриминација поддржан од ПРОГРЕС програмата на Европската Унија, заедно со партнерите на програмата Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика, ќе организира Обука за обучувачи за недискриминација. Обуката е наменета за активисти на граѓанските организации и претставници на релевантни органи на државната управа (пр. Одделението за еднакви можности при МТСП) кои што работат во областа на заштита на човековите права и недискриминацијата и кои што се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на други заинтересирани страни. На крајот на обуката учесниците ќе бидат оспособени сами да:
Во текот на целата обука, при совладувањето на вештините ќе бидат користени примери и содржини од областа на еднаквите можности и недискриминацијата. Обучувачки ќе бидат експертките за недискриминација од Migration Policy Group со седиште во Брисел: Isabelle Chopin и Lilla Farkas. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата и да достават мотивациско писмо (не подолго од 500 збора). Пријавите ќе бидат објективно оценети и селектирани од проектниот тим. Работен јазик на обуката ќе биде англиски. Рок за пријавување е 22 април 2009 година, до 16 часот. Пријавите испратете ги по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје. Пријава за обуката за обучувачи за недискриминација . Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните кои ги покриваат учесниците. За сите дополнителни информации контактирајте го Кренар Кука, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .
Повеќе информации за обуките на МЦМС. |