Обука за раководење со проектен циклус - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за раководење со проектен циклус PDF Print E-mail
Friday, 10 April 2009 13:26

Обуката е дел од програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) и проектот Градење на капацитети и модернизација на локалната самоуправа.

Цели на обуката:

  • Стекнување практични знаења и вештини за начинот на изработка на проекти;
  • Примена на методот на проектно планирање во редовната пракса на општините.

По завршување на обуката Раководење со проектен циклус, учесниците ќе стекнат знаења, вештини и ставови за:

  • примена на алатките за проектно планирање (дијаграм на проблеми и дијаграм на цели, логичка рамка);
  • фази на проектен циклус;
  • значењето на раководењето со проектен циклус во општините;
  • процесот на подготовка на проекти;
  • алокација на ресурси и буџетирање;
  • мониторинг и евалуација.

Услови:

Обуката е наменета за фокус општините на програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ): Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Теарце, Конче, Чашка, Желино, Велес и Прилеп.

Претставниците од фокус општините на програмата ЛРЗ ќе користат целосна стипендија за учество на обуката со што сите трошоците за учеството на обуката во износ од 18.200,00 МКД се покриени од страна на МЦМС и Evangelische Entwicklungsdienst - Германија www.eed.de.

На обуката може да се пријават и претставници од другите општините кои ќе може да аплицираат за стипендија во износ од 70% од цената на обуката.

Бројот на учесниците на обуката е органичен. Селектираните кандидати ќе бидат известени по телефон или на е-маил.

Пријавување:

Пријава за обуката Раководење со проектен циклус .

Краен рок за пријавување е среда  06.05.2009.

Лице за контакт:

Миодраг Колиќ  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , тел: 02/3065-381 локал 122

Програма за обуката Раководење со проектен циклус .

 

Повеќе информации за обуките на МЦМС.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Обука за раководење со проектен циклус