Напредна обука за недискриминација |
Thursday, 18 September 2008 01:00 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира напредна обука за недискриминација. Обуката ќе се одржи во Скопје од 14 до 16 октомври 2008 година. Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на човекови права, еднаквите можности и недискриминацијата. Обуката е продолжение на основната обука за недискриминација која се одржа во јуни 2008 година. Истата ќе има теоретски и практичен дел за законската покриеност од оваа област во рамките на ЕУ, потоа институции и механизми за заштита во државите на ЕУ, проблемите со кои се соочиле европските земји во однос на механизмите на заштита, предизвици на достап до правилата и сл. Исто така, во рамките на обуката ќе бидат разгледани постоечките законски решенија во Република Македонија, потребата од посебен закон за заштита од дискриминација, решенијата од Предлогот за донесување на Закон за заштита од дискриминација со предлог закон, разгледување на основите на дискриминација, процедури на известување до меѓународните организации и сл. Пријавите испратете ги по факс на 02 3065 298 или по пошта на адреса: Македонски центар за меѓународна соработка, ул. Никола Парапунов, бб, П.Фах. 55, 1060 Скопје. |