Јавен повик до граѓански организации за доделување на грантови - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик до граѓански организации за доделување на грантови PDF Print E-mail
Monday, 16 April 2018 13:51

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување на грантови. Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.

javen povik za dodeluvanje grantovi

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно законот за здруженија и фондации и ги исполнуваат наведените критериуми во Упатството за аплицирање.

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 75.000 евра. Минимален износ за кој може да се достави предлог проект е 5.000 евра (307,500 МКД) додека максимален износ е 7.500 евра (461,250 МКД). За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог проект треба да обезбедат кофинансирање.

Рокот за поднесување на апликации е 15 мај 2018 г. до 17 часот. Апликациите се доставуваат на адреса: „Никола Парапунов“ бр. 41А, пошт. фах 55, 1060, Скопје и тоа по пошта по препорачано писмо, по курир или лично на рака. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација.

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Самата апликација се состои од:

  • Формулар за аплицирање;
  • Буџет;
  • Прашалник за самооцена на внатрешните организациски системи за управување;
  • Копија од тековна состојба не постара од 6 месеци;
  • Копии од поднесени наративни и финансиски извештаи за 2016 и 2015 година;
  • Копија од ревизиски извештаи.
  • Како додадена вредност на апликацијата организациите се повикуваат да достават и копии од пишани документи и/или правилници за уредување на раководството во организацијата (поделба на органите, правила за раководење со човечки ресурси, правила за финансиско раководење, и сл.).

Преземете ги сите поставени прашања и одговори околу повикот за доделување на грантови.

prasanja i odgovori dfg

Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања може да се обратите преку емаил на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it со назнака: Референтен број: 11-208/2-2018. Освен поставување на прашања преку емаил, ќе се организира и информативна сесија каде сите заинтересирани организации ќе имаат шанса одблизу да се запознаат со процесот на апликација и селекција. Дополнително, доколу имате прашања истите ќе може да ги поставите за време на сесијата и да добиете појаснување. Информативната сесија ќе се организира во МЦМС на 26 април (четврток) 2018г. од 12 до 14 часот. Ве молиме, Вашето присуство да го најавите на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it   најдоцна до 24 април 2018г.

Facebook event за информативната сесија: https://www.facebook.com/events/2040670746259025 


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Јавен повик до граѓански организации за доделување на грантови