Јавен повик до граѓански организации за доделување на грантови |
E hënë, 16 prill 2018 13:51 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување на грантови. Програмата ја имплементира МЦМС во соработка со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија. Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. На овој повик може да се пријават организации кои се регистрирани согласно законот за здруженија и фондации и ги исполнуваат наведените критериуми во Упатството за аплицирање. Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 75.000 евра. Минимален износ за кој може да се достави предлог проект е 5.000 евра (307,500 МКД) додека максимален износ е 7.500 евра (461,250 МКД). За овој повик организациите кои ќе поднесат предлог проект треба да обезбедат кофинансирање. Рокот за поднесување на апликации е 15 мај 2018 г. до 17 часот. Апликациите се доставуваат на адреса: „Никола Парапунов“ бр. 41А, пошт. фах 55, 1060, Скопје и тоа по пошта по препорачано писмо, по курир или лично на рака. Една организација може да се јави како апликант во само една апликација. Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање. Самата апликација се состои од:
Преземете ги сите поставени прашања и одговори околу повикот за доделување на грантови. Доколку имате проблеми околу преземањето и/или имате дополнителни прашања може да се обратите преку емаил на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë со назнака: Референтен број: 11-208/2-2018. Освен поставување на прашања преку емаил, ќе се организира и информативна сесија каде сите заинтересирани организации ќе имаат шанса одблизу да се запознаат со процесот на апликација и селекција. Дополнително, доколу имате прашања истите ќе може да ги поставите за време на сесијата и да добиете појаснување. Информативната сесија ќе се организира во МЦМС на 26 април (четврток) 2018г. од 12 до 14 часот. Ве молиме, Вашето присуство да го најавите на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë најдоцна до 24 април 2018г. Facebook event за информативната сесија: https://www.facebook.com/events/2040670746259025 |