Оглас: Форум на граѓански организации од пограничнот регион на Република Македонија со Република Албанија |
Friday, 17 February 2012 13:39 |
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во партнерство Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Албанија и Еколошкото друштво „Дешат“ од Дебар со задоволство ви го најавуваат: „Форумот на граѓански организации од пограничнот регион на Република Македонија со Република Албанија“ што ќе се одржи на 23 и 24 март 2012 година во Домот на културата во општина Дебар. На Форумот можат да учествуваат:
Предност ќе имаат организациите кои се регистрирани или дејствуваат во пограничните региони и тоа: Полог, Југозападна Македонија (Македонија) и Дибра, Елбасан (Албанија). Форумот ќе се состои од изложбен дел, јавни дебати и социокултурни настани. Изложбениот простор ќе биде организиран преку штандови, постери и аудио-визуелни презентации. Се очекува да се претстават околу 50 граѓански организации и други чинители од пограничниот регион. Влезот за посетителите на Форумот е слободен. За граѓаните од регионите Полог и Југозападна Македонија ќе биде обезбеден бесплатен транспорт. Повеќе информации за Форумот може да се најдете во информацијата за настанот. Пополнете и пријавете се за учество во изложбениот, форумскиот или делот за социокултурни настани. Крајниот рок за пријавување е 07 март 2012 г. (среда).
Повеќе информации за Форумот, како и за начинот на пријавување за учество може да се најдат на овој линк, како и преку е-пошта: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Крајниот рок за пријавување е 07 март 2012 г. (среда) |