Транспарентна локална самоуправа - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Транспарентна локална самоуправа - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Процесот на фискалната децентрализација, како комплементарен дел во трансферот на новите ингеренции на локалната власт, треба да ги направи општините помалку зависни од централната власт и да обезбеди нивна самостајност и одржливост.

Големиот број на делегирани надлежности од централно на локално ниво, покрај тоа што се оценуваат како позитивни од страна на граѓаните како поефикасен начин на решавање на локалните проблеми, ќе значат и зголемување на одговорноста, транспарентноста и отчетноста на ЛС пред своите конституиенти.

lrz301Транспарентноста и отчетноста на општините се и едни од главните предуслови за воспоставување на демократските процеси во една заедница и нејзина одржливост.

Досегашните искуства покажуваат дека транспарентноста е слаба страна на локалната самоуправа.

За таа цел во рамките на овој проект се предвидува поттикнување на општините за известување на јавноста, односно давање на првични информации за сите поголеми проекти или иницијативи во заедницата. На тој начин ќе се зајакне свеста за потребата од распространување на инфорамциите до оние чии средства се трошат и до оние кои се најзасегнати од инцијативите на локалната самоуправа – граѓаните.

Ова од една страна ќе ја зголеми довербата на граѓаните во локалните власти, но од друга страна ќе овозможи подобрување на механизмите за граѓанска вклученост во процестите на градење на јавните политики, можноста од партиципативното буџетирање и следење на јавните трошоци, а со тоа и барање на поголема отчетност од локалните власти.

Во таа насока овозможувањето на финансиска поддршка со специфична намена известување на јавноста за работата и постигнувањата на локалната самоуправа, ќе придонесе кон градење подобри односи меѓу општините и јавноста.

Општа цел на проектот е зголемена доверба меѓу локалната администрација и граѓаните.
Цел на проектот е подобрено транспарентното и одговорно работење на општините
Целна група на проектот се граѓаните од избраните 5 општини од вкупно 13 Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Велес и Прилеп, Желино, Чашка, Теарце и Конче и пошироко граѓаните.

Целното подрачје ги опфаќа горенаведените општини.

Очекувани резултати на проектот се реализирани проекти за транспарентно и отчетно работење на општините и промовирање на проектите.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се објавуање на ограничен повик за 13 фокус општини во програмата ЛРЗ, селекција на пет проекти/општини, финансиска поддршка наменета за спроведување на избраните проекти, организирање на индивидуални општински промоции и заеднички промотивен настан.

Временскиот период на спроведување е 24 април – 31 октомври 2008 година.

Проектот има финансискиот план од вкупно 830.000 МКД, во кои МЦМС учествува со 650.000 МКД (директни трошоци) а општините со сопствено учество од 180.000 МКД.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet