Транспарентна локална самоуправа - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Транспарентна локална самоуправа PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Транспарентноста и отчетноста на општините се и едни од главните предуслови за воспоставување на демократските процеси во една заедница и нејзина одржливост. Досегашните искуства покажуваат дека транспарентноста е слаба страна на локалната самоуправа.

lrz301-ziЗа таа цел во рамките на овој проект беше предвидено поттикнување на општините за известување на јавноста, односно давање на првични информации за сите поголеми проекти или иницијативи во заедницата. На тој начин требаше да се придонесе кон зајакнување на свеста за потребата од распространување на информациите до оние чии средства се трошат и до оние кои се најзасегнати од инцијативите на локалната самоуправа – граѓаните.

Општата цел на проектот беше зголемена доверба меѓу локалната администрација и граѓаните.

Цел на проектот беше подобрено транспарентното и одговорно работење на општините.

Целна група на проектот беа граѓаните од избраните 8 општини Могила, Карбинци, Старо Нагоричане, Велес, Прилеп, Чашка, Теарце и Конче од вкупно 13те фокус општини на програмата ЛРЗ (Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Велес, Прилеп, Желино, Чашка, Теарце и Конче) и пошироко граѓаните.

Целното подрачје првично го опфаќаше подрачјето на тринаесетте фокус општини опфатени со програмата ЛРЗ (Долнени, Могила, Карбинци, Лозово, Старо Нагоричане, Сарај, Јегуновце, Велес и Прилеп, Желино, Чашка, Теарце и Конче). По изборот на осумте општини (Могила, Карбинци, Старо Нагоричане, Велес, Прилеп, Чашка, Теарце и Конче) кои ги подготвија и публикуваа годишните извештаи целното подрачје беше фокусирано на територијата на овие општини.

Остварени резултати на проектот се: реализирани 8 проекти за транспарентно и отчетно работење на општините и промовирање на проектите на локално и на национално ниво.

Активностите преку кои се постигнати горенаведените резултати се објавување на ограничен повик за 13 фокус општини во програмата ЛРЗ, селекција на осум проекти/општини, финансиска поддршка на осумте општини наменета за спроведување на избраните проекти, организирање на индивидуални општински промоции во осум општини и заеднички промотивен настан на национално ниво. Информативните материјали за транспарентно и отчетно работење на општините опфатија: издавање на годишни наративни и финансиски извештаи за работењето на општините во 2007 година, извештаи за достигнување на општините со презентација на повеќе годишни резултати, промоција на услугите на општината (Граѓански сервис центар) преку дистрибуција на лифлети, плакати и радио и ТВ спотови, поставување на огласни табли во населените места во општината, изработка на документарен филм за работата на општината, изработка на веб-страници на општините и поставување на  информативните материјали на веб-страните на општините.

МЦМС имаше одговорност за управување со проектот, а осумте избрани општини за негово спроведување.

Планираниот ризик за реализација на проектот непостоењето на изградена свест за потребата од унапредување на раководењето на општините преку подобрување на транспарентноста и овозможување лесен пристап до информации за граѓаните на заедницата, не се оствари. Тоа може да се согледа од искажаниот интерес на девет општини (70%) за учество на проектот од вкупно тринаесетте фокус општини на програмата ЛРЗ.

При реализацијата проектот се соочи со ризикот од недоволен капацитет на избраните осум општини за навремено исполнување/спроведување на Договорите со МЦМС за поддршка на проект т.е. навремена подготовка и публикација на информативните материјали и навремено доставување на известувањето до МЦМС. Од таа причина, проектот не е спроведен според планираната динамика од 24 април – 31 октомври 2008 год.

Периодот на спроведување на проектот беше од 24 април до 11 декември 2008 год.

Буџетот на проектот изнесува вкупно 1.258.483,00 МКД, во кои МЦМС учествува со  856.441,00 МКД (директни трошоци), а општините со сопствено учество од 402.042,00 МКД.

 

Извршно резиме од проектот.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet