Локалното застапување засилено за време на пандемијата |
E hënë, 20 korrik 2020 09:43 | |||
Седум грантисти на ГРЦ во февруари започнаа со спроведување проекти за застапување на локално ниво. Поради кризата предизвикана од коронавирусот голем дел од активностите на проектите мораа да бидат одложени, прилагодени или заменети со нивни алтернативи. Сепак, овие вонредни околности не ги спречија организациите да ги остварат зацртаните цели и да направат позитивни промени во нивните локални заедници. Претставниците на Ромско- турското здружение Хајат НВО Струмица во изминатиот период беа активни во ромските населби во Струмица, каде разговараа со родителите на деца кои не примиле ниту една вакцина, или не завршиле со примање на серијата задолжителни вакцини. По олабавувањето на кризните мерките, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом Струмица, успеаја да детектираат над 120 деца кои спаѓаат во оваа категорија на невакцинирани лица, од кои 24 се без лични документи. Напорната работа на здружението резултираше со 21 вакцинирано дете, а во наредниот период очекуваат оваа бројка двојно да се зголеми. „Постигнувањето на нашата цел ни дава повеќе сила и мотивација за она што сме го оствариле во првиот месец да го дуплираме во вториот. Секогаш го користиме мотото дека ништо не е завршено туку дека допрва почнуваме да го наоѓаме правиот пат за успеси и постигнувања“, велат од организацијата. Здружението „Светла иднина“ од Кочани, пак, успеа да ги искористи финансиите од ГРЦ за подобро да одговори на вонредната ситуација. Тие формираа локална акциска група за застапување на Ромите на локално ниво која во моментов брои 12 членови со тенденција да ја достигне оптималната бројка од 15 членови. По почетокот на кризата, дел од средствата од грантот ги пренаменија за да набават и достават 30 социјални пакети со храна за една недела на исто толку семејства, односно на 97 лица. Ваква пренамена на средства направија и дел од другите грантисти. Така на пример, Граѓанската иницијатива на жени Свети Николе обезбеди 200 ракавици, 100 заштитни маски и испечати 60 летоци со информации за заштита и барање поддршка. Оваа донација беше наменета за жителите на селата Амзабегово, Кадрифаково и Горобинци, каде всушност го спроведуваа нивниот проект за унапредување на родовата еднаквост. Исто така, Хајат НВО Струмица одвои 30.000 денари од грантот од ГРЦ, со кои обезбеди 30 социјални пакети во храна и хигиенски средства во вредност од по 1.000 денари. Организациите, секоја во својот домен, успеаја да ги надминат предизвиците од пандемијата и да продолжат да ги остваруваат нивните активности за застапување на локално ниво
|