Профилот на мојот градоначалник - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Профилот на мојот градоначалник PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Даниела Стојанова
Дата: Февруари 2013
PDF:  profil-na-mojot-gradonachalnik.pdf

profil-na-mojot-gradonacalnik

 

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) започнуваат низа заеднички активности за локалните избори 2013, испитување на јавното мислење, набљудување на изборни програми и кампањи, на медиуми, на изборна администрација и на денот на гласање. Како почетна активност беше испитано јавното мислење за карактеристиките кои ќе влијаат на нивниот избор на градоначалник и советничка листа.

Анкетата покажа дека граѓаните сакаат чесни и професионални градоначалници. Чесноста е најзначајната вредност која треба да ја поседува градоначалникот за третина од граѓаните (31,9 %). Следни позначајни вредности според граѓаните се трудољубивоста, толеранцијата и одговорноста, а најмалку битни се заштитата на природата и патриотизмот.

Граѓаните најмногу би сакале нивниот градоначалник да биде професионален политичар (40,0 %), а следни посакувани професии се бизнисмен и наставник/ професор.

На граѓаните им е важно меѓу кандидатите за градоначалници на локалните избори 2013 да има повеќе млади луѓе до 27 годишна возраст (45,0 %) и жени (31,1 %). Помалку важно им е да има припадници на другите етнички заедници, а мнозинство граѓани и не би гласале за кандидат за градоначалник од друга етничка заедница.

Граѓаните изјавуваат дека ќе гласаат за квалитетни програми (56,7 %) и кандидати за градоначалници (33,0 %). И во однос на советничките листи за големо мнозинство (72,1 %) од граѓаните нема да е битно симпатизирањето на одредена партија туку квалитетот на кандидатите за советници и понудената изборната програма.

За граѓаните главни приоритети во програмата на градоначалниците треба да имаат локалниот економски развој и урбанистичкото планирање.

Мнозинство граѓани сметаат и дека партиите недоволно ги вклучуваат (85,2 %) и земаат предвид идеите на граѓаните (69,8 %).

Испитувањето на јавното мислење направено преку телефонска анкета на 13 и 14 февруари 2013 г. на репрезентативен примерок од 425 испитаници со +/- 5 % грешка.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve