Граѓански мониторинг на пристапноста на избирачките места за време на Претседателските и Парламентарните избори во 2024 година - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓански мониторинг на пристапноста на избирачките места за време на Претседателските и Парламентарните избори во 2024 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 27 qershor 2024 15:15

Вкупно 35 избирачки места во 18 градови во Северна Македонија беа набљудувани со цел да се провери дали лицата со попреченост можеле да го остварат правото на глас заклучно со 8 мај кога се одвиваа вториот изборен круг од Претседателските и Парламентарните избори. Оваа иницијатива ја покренаа МЦМС и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за да утврдат дали Владата на РСМ и Државната изборна комисија постапиле според пресудата на Основниот граѓански суд во Скопје според која требаше да преземат мерки со кои ќе им се овозможи лицата на попреченост непречено да го остварат своето право на глас.

Screenshot 2024 06 27 161702
Графикон: Ако избирачкото место е на кат, дали постои пристапен лифт или платформи кои се на нивоа со скалила?

За жал, оваа граѓанска акција покажа дека државата не постапила согласно донесената пресуда. Инфраструктурата и просторот до и во избирачките места се уште не се прилагодени согласно Конвенцијата за заштита на правата на лицата со попреченост. Ваквата ситуација ги спречува лицата со попреченост да излезат на денот на изборите и да го остварат своето право на глас.

Граѓанскиот мониторингГраѓанскиот мониторинг покажа дека 27 избирачки места немаат соодветен паркинг кој е обележан со боја со висок контраст, иако имањето на дополнителен паркинг простор за лицата со попреченост е од суштинско значење за да можат безбедно да маневрираат во и надвор од нивното возило. Исто така, 12 од набљудуваните избирачки места немаат соодветна рампа која ќе им олесни пристап до просторијата за гласање, а две третини имаат избирачко место кое може да обезбеди влез со доволна широчина за лицата кои имаат дополнително помагало или инвалидска количка да можат лесно да влезат.

pristapnosta na izbirackite mesta 2024„Избирачкото место се наоѓа на место со скали, поради што е поставена рампа со стрмен наклон. Влезната врата е премногу тесна (претпоставувам со ширина од 60 см). Меѓутоа ако сепак успееш да ги поминеш овие препреки наидуваш на нова препрека, односно пред влезната врата, од каде што е поставена рампата, се поставени полици за книги, со оправдување дека тој влез во библиотеката не се користи. Колку е дискриминирачко и деградирачко чувството кога и по завршувањето на гласањето, иако е поставена рампа, сепак не може да се влезе во единствената градска библиотека“, вака еден од набљудувачите го опишува своето искуство од гласачкиот ден.

За жал, голем дел од избирачките места (24) се во згради со повеќе катови за кои не постои пристапен лифт што ќе им овозможи на овие лица да стигнат до просторијата за гласање.

Малку подобар е случајот со параваните поставени кај прилагодените (ниски) површини за пишување. Набљудувачите известиле дека на 27 од избирачките места имало такви заштита на тајноста на гласањето. На 16 од мониторираните избирачки места забележано е постоење на шаблон со Браева азбука, а на исто толку места не бил поставен.

Податоците добиени од оваа граѓанска акција говорат дека Северна Македонија се уште е далеку од воспоставување на еднаков третман на лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас. Државата треба да обезбеди и де факто еднакви можности на лицата со попреченост за да може тие целосно да учествуваат на изборите.

За вклучување во оваа иницијатива беа контактирани 88 граѓански организации кои работат или ги застапуваат правата на лицата со попреченост. Претставниците од овие организации беа поканети да учествуваат во мониторингот на пристапноста на гласачките места додека го остваруваат своето право на глас. Погледнете го целосниот извештај од набљудувањето.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓански мониторинг на пристапноста на избирачките места за време на Претседателските и Парламентарните избори во 2024 година