Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026-2030) - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026-2030) PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Снежана Камиловска Трповска, Лејла Тутиќ
Датум: јули 2026 година
PDF (MK): dokument_za_javni_politiki_za_Nacionalna_Strategija_MK.pdf
PDF (AL): dokument_za_javni_politiki_za_Nacionalna_strategija_ALB.pdf
PDF (EN): dokument_za_javni_politiki_za_Nacionalna_strategija_ENG.pdf

menadziranje so rokovite mkПо долг и сложен 16-месечен процес, новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2026-2030) се соочува со сериозен институционален застој како резултат на шестмесечно задоцнување. Додека Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) официјално го усвои документот на 19 јуни 2026 година и го достави до Собранието на Република Северна Македонија, тој сѐ уште не е ставен на разгледување пред матичните собраниски тела, со што институциите функционираат во стратешки вакуум без Национална стратегија.

Поради тоа, МЦМС го подготви документот за јавни политики „Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026-2030)“.

Анализата нотира дека и покрај подобрената методологија и инклузивните консултации со граѓанскиот сектор, процесот претрпе сериозен „информативен молк“ и пробивање на роковите, со што се ризикува кратење на петогодишната рамка на четири години и губење на првата имплементациска година. За надминување на овие предизвици, документот упатува итни препораки до Собранието за усогласување на роковите во Акцискиот план и што поскоро усвојување, до ДКСК за воведување транспарентни механизми за одговор при консултациите и навремено започнување на идната стратегија, како и до граѓанските организации за зајакнување на независниот мониторинг за имплементација на истата.

Овој документ за јавни политики е изготвен во рамки на проектот „Градење општество отпорно на корупција“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија.


Te nderlidhura:

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Struktura jonë Zyra ekzekutive