| Првата година од спроведувањето на антикорупциската стратегија веќе е изгубена |
|
|
|
| E hënë, 31 gusht 2026 12:09 | |||
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот Документ за јавни политики „Менаџирање со роковите и стратешкиот континуитет: Осврт на процесот на донесување на новата Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси (2026–2030)“. Документот го анализира целиот процес – од неговото започнување и консултациите со засегнатите страни, до донесувањето на Стратегијата од страна на ДКСК и нејзиното доставување до Собранието со цел усвојување. Анализата ги препознава позитивните практики, особено инклузивниот пристап и вклучувањето на институциите, граѓанскиот сектор и другите засегнати страни. Истовремено, таа укажува на сериозни системски слабости поврзани со пробивање на рокови, недостиг на транспарентност во клучни фази од процесот, како и отсуство на увид во исходот од спроведените јавни консултации. Доцнењето не е само административно прашање и истото има пошироки последици од самото одложување на процесот. Тоа директно влијае врз стратешкиот континуитет и создава временски јаз во спроведувањето на клучните антикорупциски реформи. Токму затоа, Документот содржи конкретни препораки до клучните институции и чинители со цел да се обезбеди поголема транспарентност, подобро планирање и управување со роковите, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на антикорупциските политики. Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2026–2030 претставува клучен документ за насочување на антикорупциските политики во државата и треба да обезбеди континуитет во борбата против корупцијата. Но, процесот на нејзина подготовка и донесување беше проследен со сериозно пробивање на рокови, што директно влијае врз временската рамка за спроведување на антикорупциски мерки и активности. Прочитајте го целиот Документ за јавни политики и препораките дадени за надминување на овие предизвици.
|