Работна средба на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со Делегација на Собранието на Црна Гора - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работна средба на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со Делегација на Собранието на Црна Гора PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 03 korrik 2026 13:05

Претставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, на 1 јули 2026 година, остварија работна средба со Делегацијата на Собранието на Црна Гора, која престојуваше во земјава во рамки на студиска посета организирана од канцелариите на Националниот демократски институт (НДИ) во Црна Гора и Северна Македонија.

platforma bpk

Средбата имаше за цел размена на искуства и добри практики помеѓу двете земји во однос на прашањата поврзани со борбата против корупцијата, доброто владеење и улогата на граѓанското општество во унапредување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста на институциите. Фокусот на дискусијата беше ставен на улогата на граѓанските организации во борбата против корупцијата, соработката со Собранието, Државната комисија за спречување на корупцијата и другите релевантни независни институции, како и придонесот на граѓанските организации во креирањето, следењето и застапувањето на антикорупциските политики.

За време на средбата, претставниците на Платформата ги споделија своите согледувања за актуелната состојба со корупцијата во државата, осврнувајќи се на искуствата од нивното долгогодишно работење во областа. Притоа, беа истакнати клучните предизвици со кои се соочуваат граѓанските организации во нивното антикорупциско делување, како и потребата од поефикасна институционална соработка, поголема транспарентност и доследна примена на законските механизми за спречување на корупцијата.

Дел од дискусијата беше посветена и на размената на искуства за конкретни механизми, практики и институционални решенија што се применуваат во двете држави. Учесниците разговараа за можностите за заемно преземање на успешни модели и пристапи кои би можеле да придонесат за понатамошно унапредување на антикорупциските политики, зајакнување на институционалниот интегритет и продлабочување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и институциите.

Учесниците ја истакнаа важноста од размената на знаења и добри практики, како и од градењето силни партнерства помеѓу граѓанскиот сектор и институциите, што е клучен предуслов за поефикасна борба против корупцијата.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работна средба на Платформата на граѓански организации за борба против корупција со Делегација на Собранието на Црна Гора