Вест: Арнакија ќе добие водовод до крајот на мај - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Арнакија ќе добие водовод до крајот на мај PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 20 prill 2004 01:00

Жителите од село Арнакија во Општина Сарај ќе добијат водовод најдоцна до крајот на мај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека градежните работи за поставување секундарна водоводна мрежа, во должина од 9 километри, се при крај и дека во следните месец и половина треба да постават приклучоци до индивидуалните објекти.

Тој објасни дека освен водоводната мрежа, изградиле и резервоар за вода, кој ќе биде приклучен на изворот во село Рашче.
"Со поставување на приклучоците до куќите на граѓаните конечно ќе протече вода и во нивните домови, со што ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето на ова село", додаде Селмани.
Реализација на проектот чини 140.000 евра, од кои дел обезбедила Општината, дел месното население преку самопридонес, а дел Македонскиот центар за меѓународна соработка - МЦМС.
(Е.А.)

Извор: Вест (20.април.2004)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Вест: Арнакија ќе добие водовод до крајот на мај