Медиумите за реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Медиумите за реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 26 mars 2015 14:45

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е членка на Платформата и заедно со другите граѓански организации на 25 март 2015 година ја организираше прес конференцијата на која упати повик до надлежните институции во врска со објавените снимени телефонски разговори. Подолу се објавите за прес конференцијата.

Истрага за бомбите на СДСМ бараат граѓански здруженија

Да се открие кој ги прислушкувал телефоните на личностите вклучени во опозициската бомба и дали е вистинита содржината во нив. Ова од јавното обвинителство го бара граѓанската платформа за борба против корупцијата која е составена од 15 невладини организации. Сметаат дека во потеклото на снимките и нивната содржина има основи за сомневање за започнување истрага.

Извор: Телма

Граѓанските организации бараат во рок од 30 дена институциите да се изјаснат за прислушувањето

Институциите, а вклучително и Државната комисија за спречување корупција да постапат по сите законски надлежности во случајот со прислушуваните материјали кои излегоа во јавноста реагираат Граѓанските организации за борба против корупција.  

Извор: 24 Вести

Тасева: Институциите да бидат поажурни во врска со случајот „Пуч“ и прислушувањето

Институциите да бидат поажурни во врска со случајот „Пуч“ и да дадат одговор на клучните прашања кои се однесуваат не само на тоа кој прислушувал туку и на содржината на разговорите порачуваат невладините. Апелираат за случајот да се произнесе и Државната комисијата за спречување корупција и да ги презеде сите мерки што се во нејзина надлежност.

Извор: 24 Вести

Невладини организации бараат истрага за аферата со прислушување

Група од 15 невладини организации ги повикаа надлежните институции под итно да ја истражат аферата со прислушувањата. Нивното барање се однесува и на прашањата кој и зошто ја нарушил приватноста на граѓаните, но и на содржината на објавените разговори од опозицијата.

Извор: Алсат М

Институциите да го истражат незаконското прислушување

Платформата за борба против корупција денеска побара од институциите да си ја работат работата и да ги испитаат сите наводи поврзани со случајот прислушување.

Извор:  Радио Слободна Европа

ВИДЕО: 30 дена рок за Зврлевски

Петнаесет невладините организации кои дејствуваат во областа на владеењето на правото и антикорупцијата, денеска се обратија до надлежните институции на државата да преземат мерки за да се расчистат аферите кои ја тресат земјата.

Извор: А1 он

(ВИДЕО) Тасева: Никој не ја потврди поврзаноста на прислушуваните разговори со „Пуч“

Институциите не беа доволно јасни и транспарентни во спроведувањето на акцијата „Пуч“ поради што во јавноста остануваат многу неодговорени прашања, сметаат претставници од невладиниот сектор кои денеска побараа од институции да се ангажираат околу утврдување на одговорноста за прислушуваните разговори што ги објави опозиционата СДСМ, како и околу нивната содржина.

Извор: А1 он

Граѓански организации: Обвинителството да отвори истрага за незаконско прислушување!

Од Плаформата за борба против корупцијата истакнаа и дека доколку повиканите институции не ја известат јавноста дека преземаат мерки за да ги истражат наводите во наредните 30 дена, ќе сметаат дека не постапуваат по својата службена должност.

Извор: Фокус

Зврлевски доби 30 дена да се изјасни за „бомбите“ на Заев

Јавното обвинителство како најповиканата државна институција кое цело време молчи и не кажува дали започнало предистражна постапка за сите досега објавени „бомби“ од  лидерот на СДСМ, денеска од граѓанските организации здружени во Платформата за борба против корупцијата доби 30 дена да преземе мерки и да ги истражат сите криминални активности кои јасно и недвосмислено можат да се слушнат од снимките кои ги објавува Зоран Заев.

Извор: Плус Инфо

Обвинителството да се изјасни за прислушувањето за еден месец

Граѓаниските организации од Платформата за борба против корупција, во среда, повикаа објавените снимки од наводно прислушувани разговори да бидат предмет на истрага, поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните.

Извор: Мак Факс

(Видео) Зврлевски доби 30 дена да се изјасни за „бомбите“ на Заев

Јавното обвинителство како најповиканата државна институција кое цело време молчи и не кажува дали започнало предистражна постапка за сите досега објавени „бомби“ од лидерот на СДСМ, денеска од граѓанските организации здружени во Платформата за борба против корупцијата доби 30 дена да преземе мерки и да ги истражат сите криминални активности кои јасно и недвосмислено можат да се слушнат од снимките кои ги објавува Зоран Заев.

Извор: Локално

Зврлевски доби 30 дена да се изјасни за „бомбите“ на Заев

Јавното обвинителство како најповиканата државна институција кое цело време молчи и не кажува дали започнало предистражна постапка за сите досега објавени „бомби“ од лидерот на СДСМ, денеска од граѓанските организации здружени во Платформата за борба против корупцијата доби 30 дена да преземе мерки и да ги истражат сите криминални активности кои јасно и недвосмислено можат да се слушнат од снимките кои ги објавува Зоран Заев, пренесе Плусинфо.

Извор: Либертас

Граѓански организации на институциите им даваат рок од 30 дена да се изјаснат за прислушувањето

Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување корупција и други надлежни државни институции во случајот со прислушуваните телефонски разговори треба да постапат според сите законски надлежности, бараат граѓански организации од Платформата за борба против корупција.

Извор: МКД

ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ БАРААТ ИСТРАГА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција денеска побараа истрага за објавените снимени телефонски разговори, поради сомнеж за незаконско прислушување, како и да се утврди кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните.

Извор: Утрински Весник

Обвинителството да се изјасни за прислушувањето за еден месец

Граѓаниските организации од Платформата за борба против корупција, во среда, повикаа објавените снимки од наводно прислушувани разговори да бидат предмет на истрага, поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните.

Извор: Точка

Институциите да се вклучат во истрагата околу „бомбите“

Граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно го следат објавувањето на снимените телефонски комуникации, информираат од Платформата. Оттаму велат дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради сомнежите за незаконско прислушување.

Извор: Мета

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Медиумите за реакцијата на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата