Надлежните институции да постапат по објавените снимени материјали |
E mërkurë, 25 mars 2015 15:57 | |||
Денес, 25 март 2015 година, граѓанските организации членки на Платформата за борба против корупцијата упатија повик до надлежните институции да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски разговори. Тие побараа да се истражи незаконското прислушување но, исто така, да се испита и содржината на снимките затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. „Потсетуваме дека под корупција, меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките партии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните“, рече во обраќањето Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. „Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото“, додаде тој. Платформата ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Судскиот совет да реагираат и да постапат по нивната службена должност. Целиот повик може да го видите на следниот линк: http://www.mcms.mk/images/2015/platforma-za-antikorupcija-reakcija-prislushuvanje.pdf
ПОВИК ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОСТАПАТ ПО НАВОДНИТЕ ЗЛОУПОТРЕБИ, НЕЗАКОНИТО ПОСТАПУВАЊЕ, КОРУПЦИЈА И НАРУШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА КОИ СЕ НАВЕДУВААТ ВО ОБЈАВЕНИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ КОМУНИКАЦИИНие граѓанските организации од Платформата за борба против корупција внимателно гo следиме објавувањето на снимените телефонски комуникации. Цениме дека објавените снимки треба да бидат предмет на истрага поради постоење на основи за сомневање за незаконско прислушување, а со цел утврдување кој ги снимал разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните. Бараме содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност. Потсетуваме дека под корупција, меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките партии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните. Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото. Платформата на граѓански организации за борба против корупција ги повикува: 1. Јавното обвинителство веднаш да покрене постапки за гонење непознати лица за неовластено и незаконито прислушување и да отвори постапки за сите наводни злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човекови права кои се наведуваат во објавените снимки, а посебно да ги испита индициите од снимките дека:
2. Јавното обвинителство да поведе постапка за утврдување дали ресурси на МВР биле употребени за незаконито прислушкување и за резултатите од истрагата да ја извести јавноста. 3. Државната комисија за спречување на корупцијата да се произнесе по случаите и да ги преземе сите мерки во рамките на нејзините надлежности. 4. Судскиот совет да поведе постапка за несовесно и незаконито постапување на судиите за кои постојат индиции дека постапувале под влијание на носители на функции. Сметаме дека улогата на институциите на системот е незаменлива за уверување на граѓаните дека живеат во држава која е спремна да го штити нивниот интерес, права и слободи. Доколку повиканите институции не ја известат јавноста дека преземаат мерки за да ги истражат наводите во наредните 30 дена, сметаме дека не постапуваат по својата службена должност.
|