Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на изнесените ставови на пратеникот Бојан Стојаноски - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на изнесените ставови на пратеникот Бојан Стојаноски PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 22 janar 2025 00:00

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии.

platforma

Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, пратеникот Стојаноски изнесе лични ставови и информации против Платформата. Поради тоа, Платформата најостро реагира и бара Собранието да го осуди ваквото однесување на пратеникот.

Платформата, која постои веќе 10 години, секогаш се води од принципи и начела кои произлегуваат од најдобрата пракса во борбата против корупцијата, како и од стручноста, искуството и истражувањата на нејзините членки. Во Платформата членуваат 14 организации како постојани членки кои со својата работа се докажале како искусни и стручни во дејноста и биле вклучени во многу консултативни процеси кои имале за цел да се унапредат одредени системски прашања за борба против корупција кои биле во согласност со меѓународните барања и пракса. Дополнително, сакаме да напоменеме, дека во рамки на Платформата сите одлуки се носат врз база на мнозинство, за кои постапки постојат децидно утврдени правила и процедури усвоени од страна на самите членки.

Платформата го осудува овој обид да се наруши угледот на нејзините членки, кои исклучиво работат во корист на граѓаните, а тој е јавните институции да го штитат јавниот интерес, да ја спречат корупцијата и да испорачаат услуги во нивна корист.

Дополнително, Собранието пропушти можност да овозможи експертска консултации, што е спротивно на искажаните заложби за креирање политики со вклучување на сите капацитети со кои располага македонското општество. Оваа пракса не треба да продолжи и во иднина доколку сакаме да носиме закони во интерес на граѓаните

Во однос на соработката, Платформата останува посветена на своите принципи за креирање на политики преку транспарентен и консултативен процес, со активно вклучување на сите засегнати страни. Сметаме дека само преку отворен дијалог и партнерство меѓу граѓанското општество и институциите може да се создаде систем кој ќе одговара на потребите и барањата на сите граѓани. Граѓанското општество, претставено преку Платформата, ќе биде партнер на властите во процесите на креирање јавни политики и јавен интерес засновани на взаемна почит и професионален однос.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на изнесените ставови на пратеникот Бојан Стојаноски