Утрински весник: Промовирана кампањата Кажи Македонија - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Промовирана кампањата Кажи Македонија PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Кампањата ?Кажи Македонија" е одговор и превентива на постапката на една индивидуа од Советот на Европа која се обиде преку интерна директива да воведе измислена националност, јазик и култура. Со новите ?референци" за името на државата ФИРОМ и за лицата кои припаѓаат на малцинство или кои зборуваат јазик на малцинство надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа, директно се напаѓа мултикултурниот идентитет на Македонија вграден во Уставот и Охридскиот договор, кои се основа за изградба на современа и европска Македонија.

8279

Ова беше истакнато на вчерашната прес-конференција на која десетина граѓански здруженија, научни и јавни институции остро реагираат на срамната препорака на Советот на Европа за бришење на Македонците и за додавање на словенски атрибут на зборот македонски. Притоа, беше посочено дека спорниот документ содржи и правни контроверзии, бидејќи се повикува на Резолуцијата 9.523, во која не постојат какви било дополнителни одредби кои би се однесувале на категориите ?националност", ?култура" или ?јазик", а се воведуваат со директива, ниту одредби кои би се однесувале на лица кои припаѓаат на малцинства.

Промовирајќи ја кампањата, финансиски помогната од дневните весници ?Утрински весник", ?Вест" и ?Дневник", Сашо Клековски од МЦМС истакна дека концептот е осмислен со цел секој граѓанин да може да се вклучи во акцијата преку пополнување и испраќање картички до Канцеларијата на Советот на Европа во Македонија или до г. Јан Клајсен во седиштето на меѓународната организација во Стразбур. Картичките се печатени на македонски и на англиски јазик, со мотото ?Викај ме по мое име-Кажи Македонија", ?Не ме фиромизирај", во илјадници примероци и ќе бидат поделени во денешните изданија на трите дневни весници. ?Секој граѓанин може да направи еден мал чекор за разрешување на нашиот проблем, пишувајќи ја својата порака и назначувајќи ја адресата. Ова е голем тест за да се покаже квантум единство во државата", рече Клековски. Граѓаните треба да платат поштарина, а на тој начин, појаснуваат во МЦМС.

Кампањата не е насочена против Советот на Европа, туку директно кон потписникот на уредбата, посочи Клековски, и додаде дека таа поаѓа од идејата граѓанинот да и помогне на владата во нејзината активност околу проблемот со името на државата. Јован Донев од Институтот ?Евро-Балкан" изјави дека во рамките на кампањата против директивата, отвореното писмо ќе биде објавено во домашните медиуми, а ќе биде испратено и до сите земји-членки на СЕ, како и до други меѓународни организации и институции, и до сите странски мисии во РМ. Целта на кампањата е остро да се спротивстави на причините кои довеле до изготвување на директивата, превенција од циркулирање на слични такви документи во други меѓународни владини организации, појасни Зоран Јачев од ?Транспарентност Македонија".

Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Утрински весник: Промовирана кампањата Кажи Македонија