| Утрински весник; Почна акцијата на граѓанската иницијатива "Кажи Македонија" |   |   |   | 
| E hënë, 16 tetor 2006 01:00 | |||
| Разгледници до Стразбур испратија околу 600 граѓани и политичари 
 Разгледниците вчера ги пополнија вршителот на должноста претседател, Љупчо Јордановски, делегација на Социјалдемократскиот сојуз, предводена од Јани Макрадули, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Кедев, Ганка Самоиловска-Цветанова и Чедомир Кралевски, како и пратеникот на ДУИ, Талал Џафери. Според претставникот на МЦМС, Александар Кржаловски, акцијата продолжува и во наредните денови од 11 до 14 часот пред влезот на ГТЦ, додека за време на викендот, најверојатно ќе се одржи во Градскиот парк, каде што во рамките на кампањата е можно да се одржи и концерт. Од понеделник акцијата е планирано да се прошири низ целата земја. (Д.Т) Извор: Утрински весник (16.октомври.2006) 
 
 |