MCMS në mediat - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

MCMS në mediat
Утрински весник: Јуручкото село Кучица доби водовод PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

ШТИП - Во изминатиот викенд потплачковичкото село Кучица, во атарот на Општина Карбинци, доби водовод. На свечениот чин во селото со триесет куќи и 150 жители од турската етничка заедница Јуруци присуствуваа и Амед Дурмиш од турската амбасада и Кенан Хасип, пратеник во парламентот и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија. Водоводот во употреба го предадоа Боро Гаврилов, градоначалник на Карбинци, и Роман Пападимитров од невладината организација МЦМС, која во Македонија финансирала стотина објекти од комунален карактер, а беше и главен финансиер на овој водовод чијашто вредност изнесува 50.000 евра, од кои 95 отсто се донација на МЦМС.

 
Утрински весник: ЕУ финансира пет проекти за меѓуетничко помирување во земјава PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Неколку илјади ученици, студенти и читатели на дневни весници ќе бидат во фокусот на пет проекти, финансирани од ЕУ со цел промовирање на меѓуетничкото помирување во земјава. Проектите, кои се дел од пошироката програма во вредност од три милиони евра, финансирана од ЕУ за развој на граѓанското општество, вчера беа претставени на промоцијата во Европската агенција за реконструкција, на која присуствуваше и заменик-премиерот Радмила Шекеринска.

 
Утриснки весник: Добитници Град Скопје, ФИООМ, "Месечина", "Полио плус" и АД Комуна PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка на 27 јуни, годинава, на свечен начин ги додели Наградата за граѓанско општество и демократија и Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн". Добитници на Наградата за граѓанско општество и демократија се: Град Скопје (за јавност и соработка), Фондацијата Институт отворено општество Македонија (за долгогодишен придонес) и Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите "Месечина" од Гостивар (за постигнувања во претходната година). Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" ја добија "Полио плус - постполио група за поддршка" и Комуна АД Скопје, и двете за постигнувања во претходната година.

 
Утрински весник: Македонски центар за меѓународна соработка PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 16 tetor 2006 01:00
Обука за административно работење
Македонскиот центар за меѓународна соработка, во рамките на програмата за јакнење на невладините организации утре стартува со дводневна обука за административно работење. На семинарот што ќе опфати административно-техничка обработка на документи, значењето на канцелариското и архивското работење и распоредување и евидентирање на документите можат да учествуваат членови на здруженија на граѓани чии целни групи се жени, малцинства, хендикепирани и млади. МЦМС ќе покрие 90 проценти од трошоците. (С.Кц.)
Извор: Утрински весник (16.октомври.2006)
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat