|
E hënë, 16 tetor 2006 01:00 |
|
Разгледници до Стразбур испратија околу 600 граѓани и политичари Голем број граѓани, политичари и јавни личности вчера и дадоа поддршка на акцијата на граѓанската иницијатива "Кажи Македонија" за јавно испраќање на разгледници и потпишување на отвореното писмо, со цел да се искаже остар протест против Директивата на Советот на Европа, со која се напаѓа мултикултурниот идентитет на Македонија и со барање да ни се обраќаат со уставното име. Во текот на вчерашниот ден, пред ГТЦ беа пополнети околу 600 разгледници, кои ќе се собираат и групно ќе се испратат до Советот на Европа во Стразбур и до канцеларијата во Скопје.
|
|
|
E hënë, 16 tetor 2006 01:00 |
|
Кампањата ?Кажи Македонија" е одговор и превентива на постапката на една индивидуа од Советот на Европа која се обиде преку интерна директива да воведе измислена националност, јазик и култура. Со новите ?референци" за името на државата ФИРОМ и за лицата кои припаѓаат на малцинство или кои зборуваат јазик на малцинство надвор од земјата за да се користат за сите цели во рамките на Советот на Европа, директно се напаѓа мултикултурниот идентитет на Македонија вграден во Уставот и Охридскиот договор, кои се основа за изградба на современа и европска Македонија.
|
|
E hënë, 16 tetor 2006 01:00 |
|
Во саботното издание на дневните весници ?Утрински весник", ?Дневник" и ?Вест" ќе бидат дистрибуирани 200 илјади разгледници кои граѓаните ќе можат да ги испратат до Советот на Европа, како реакција на уредбата на Советот на Европа и употребата на референцата ?Бивша југословенска Република Македонија".
|
|
E hënë, 16 tetor 2006 01:00 |
|
На Скопски саем, во саботата, заврши тридневниот трет НВО-саем - Форум на граѓанското општество на Македонија. Директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Сашо Клековски, соопшти дека во изминатите три дена биле одржани 48 панели, форуми и други настани.
|
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |