Време: Анкета на ИСППИ, Граѓаните не им веруваат на партиите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Време: Анкета на ИСППИ, Граѓаните не им веруваат на партиите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 08 maj 2006 01:00

Повеќе од половина граѓани во земјава немаат никаква доверба во политичките партии, покажала најновата анкета на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања. Така се изјасниле дури 50,7 отсто од испитаниците, а само 3,3 отсто одговориле дека имаат голема доверба во политичките партии. Мала доверба имале 27 отсто од прашаните граѓани, а делумна 18,8 отсто.

Прашани за довербата во државата, 42,4 отсто од испитаниците изјавиле оти немаат никаква доверба, а 25 отсто и веруваат само делумно. Мала доверба имале 28,4 отсто од анкетираните, а голема доверба 4,2 отсто.
Истражувањето на Институтот ја проверувало и довербата во меѓународната заедница. Од сите испитаници, 11 отсто одговориле дека имаат голема доверба, 33,5 отсто делумно и веруваат, 28,9 и веруваат малку, а воопшто не и веруваат 26,7 отсто анкетирани.
Најголем дел граѓани само делумно им веруваат на медиумите. Така се изјасниле 47 отсто од испитаниците, додека мала доверба имале 30,7 отсто. Никаква доверба немаат 12,9 отсто од анкетираните, а голема доверба во медиумите изразиле 9,7 отсто испитаници.
Во врска со прашањето за која партија би гласале на претстојните парламентарни избори, анкетата покажала дека ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ.
За ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 16,4 отсто од испитаниците, а за СДСМ 13,6 отсто. За НСДП на Тито Петковски се изјасниле 5,5 отсто, потоа следуваат ВМРО-НП со 2,3 отсто, ДОМ со 1,2 отсто, ЛДП со 1,1 отсто и Третиот пат со 0,6 отсто.
Кај партиите од албанскиот блок води ДУИ. За неа се изјасниле 9,4 отсто од испитаниците, а за ДПА 6,5 отсто. Еден процент анкетирани изјавиле дека би гласале за ПДП.
Анкетата на Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања била нарачана од Македонскиот центар за меѓународна соработка, а била спроведена врз 1.605 граѓани од осум различни статистички региони во земјава.
Според МЦМС, целта на анкетата била да се истражи довербата на граѓаните во институциите и државата, приватниот и граѓанскиот сектор, како и односот кон изборите.
Анкетата имала цел да ги покаже и регионалните разлики. МЦМС најавува дека резултатите од истражувањето во целост ќе биде објавено во текот на мај и на јуни.

Извор: Време (8.Мај.2006)

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni MCMS në mediat Време: Анкета на ИСППИ, Граѓаните не им веруваат на партиите