Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 21 dhjetor 2010 14:51

Заврши форумскиот процес во Радовиш и Конче. Проектот за набавка на две мултифункционални возила (трактор со цистерна и специјален камион со цистерна) успешно се спроведе, а возилата стигнаа кај јавните комунални претпријатија „Плаваја“ и „Лакавица“.

Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче

На осумте сесии на меѓуопштинскиот форум учествуваа повеќе од 750 граѓани. Од октомври 2009 година до крајот на март 2010 година тие дискутираа за проблемите на двете општини поврзани со водоснабдувањето и отпадните води. Ги развиваа почетните идеи во проекти, дебатираа за нив, ги подобруваа и на крај гласаа. Најмногу гласови доби проектот „Техничка опрема за одржување на канализациската мрежа“. Буџетот за овој проект изнесуваше 10.834.455 МКД. Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) донираше 6.000.00 0 МКД, а остатокот го обезбедија општините Радовиш и Конче и јавните комунални претпријатија.

Им олесни на вработените во „Плаваја“ и „Лакавица“. Проблемот со застарената опрема или недостатокот на било каква опрема за одржување на канализациската мрежа сега е надминат. Карактеристиките на двете возила овозможуваат, освен за првобитната намена, тие да се користат и за зимско одржување на улиците, интервенции во случај на пожар, собирање комунален цврст отпад итн. „Олеснувањето не е само за нас“, велат тие, „нашите услуги ќе се подобрат, а граѓаните ќе бидат многу позадоволни“.

Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче

Форумскиот процес им овозможи на граѓаните на Радовиш и Конче сами да одлучат за што ќе ги употребат средствата од СДЦ, како и дополнителните средства од општините. Низ овој процес, тие учествуваа во креирањето на одлуките на нивните општини. И оние поскептичните и оние другите се согласија дека ова е добро искуство за вклучување на граѓаните во креирањето на политиката на нивните општини.

Форумскиот процес во Радовиш и Конче го водеше МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Резултатите од форумот пред граѓаните на Радовиш и Конче