Училиштето ќе служи во следните 100 години - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Училиштето ќе служи во следните 100 години PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 21 dhjetor 2010 15:15

„Кога ќе заврнеше дожд, чичко Ѓорѓе веднаш трчаше наоколу и ставеше кофи на местата каде што протекуваше кровот“ – вака најживописно шестооделенецот Петар ја опиша состојбата на училиштето Гоце Делчев во с. Анѓелци, пред реновирањето. Но протекувањето сега е минато, па затоа Петар, облечен во народна носија од струмичкиот крај, со насмевка раскажува за невољите на домаќинот и на сите што работеле или учеле во училиштето.

Училиштето ќе служи во следните 100 години

Околу 150 учениците на ова основно училиште веќе неколку месеци учат во подобри услови, но ваквото постигнување требаше да се одбележи и свечено. Тие, со помош на нивите наставници и родители се подготвија и на 14 декември 2010 година ги пречекаа гостите што дојдоа да им честитаат за успехот. Свечено облечени, со погача и локум ги дочекаа на влезот во училиштето.

Ходникот беше претесен да ги собере задоволните родители, дојдени да ги слушнат и видат точките што ги подготвиле нивните деца. Малку на македонски, малку на турски, оти во училиштето учат и деца од турската етничка заедница, се нижеа песни, рецитации, ора, ритмички точки, драми...

Гостите, министерот за образование и наука, Никола Тодоров, претставниците на донаторите МЦМС и ТИКА и градоначалникот на општина Василево им посакаа на учениците и наставниците уште долги години да го користат училиштето и да постигнуваат одлични резултати.

Училиштето ќе служи во следните 100 години

Училиштето е изградено во 1946 година и делумно реконструирано во 1997 година. Со оваа реконструкција обновени се внатрешните и надворешните ѕидови, подот, кровот, таваните, прозорците и вратите, поставена е нова електрична инсталација и инсталација за парно греење.

„Во вакво училиште е задоволство да се учи и работи“, рече во своето обраќање директорката Гордана Јанева. Таа им се заблагодари на донаторите за поддршката.

„Посебно ме радува што општината и училиштето успеаја да обезбедат средства за реконструкцијата преку донации и без помош на централната власт“, рече министерот и додаде дека се надева дека и другите училишта и општини ќе го следат овој пример.

Дел од родителите исто така биле ученици во ова училиште. „Немам слика да ви покажам какво беше училиштето, за да ја видите разликата“ вели Исин Демиров, татко на третооделенецот Илами. „И јас учев тука. Најмногу ни пречеше тоа што тоалетите беа далеку од училиштето и во лоша состојба. Мојот син Илами учи тука. Тој има задоволство да ја почувствува промената. Училиштето сега изгледа прекрасно“.

Училиштето ќе служи во следните 100 години

Но немаа проблем само учениците. Ѓорѓе Илиев, 52 годишниот домаќин во училиштето ги познавал сите дупки на кровот, ама тоа не му помагало многу.  „Керамидите беа растурени, а летвите под нив изгниени. Вода течеше на повеќе места во училиштето. Најопасно беше кога капеше врз електричното броило. Ако беше послаб дождот ставав кофи, ако беше посилен ни тие не нé спасуваа. Ставав подлабоки садови и на таванот за да не стигне водата до долу, до кај децата. И така во последните 10 години. Греењето беше друга приказна. Се греевме со ќумбиња на дрва. Се правеше ѓубре, некогаш и со дим се боревме. Сега е полесно, го  палиме котелот за парното и готово, секаде е топло. Прозорците убаво дихтуваат, не се губи многу енергија. Училиштето е направено да служи во следните 100 години“, додава со насмевка Ѓорѓе.

За реновирањето на училиштето турската владина организација Тика одвои околу 65.000 евра, а МЦМС со средства од Сокотаб-Швајцарија околу 42.000 евра.

На крај, учениците ги поканија гостите на преполната трпеза подготвена од нивните родители.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Училиштето ќе служи во следните 100 години