Заврши форумскиот процес во општина Аеродром - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Заврши форумскиот процес во општина Аеродром PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 29 tetor 2010 12:53

На 28 октомври оваа година, во ОУ „Браќа Миладиновци“, во Скопје, се одржа последната форумска сесија, во рамките на програмата Форуми во заедницата во општина Аеродром.

Заврши форумскиот процес во општина Аеродром

На сесијата, пред околу 90 граѓани, беше презентирано како течеше целиот форумски процес, реализираните проекти, како и препораките од граѓаните  упатени до општина Аеродром.

Во периодот од октомври 2009 до април 2010 година се одржаа 7 форумски сесии, на кои во просек учествуваа по 120 учесници. Од предлог идеите, жителите на општината ги изгласаа проектите: реконструкција на прозорци и врати во основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“ и градинката „Изворче“.Беа заменети вкупно 307 прозорци и врати што ќе овозможи поквалитетно одвивање на наставата и подобрување на енергетската ефикасност.

Доне Николовски, претседател на Сојузот за превентива од алкохолизам,  никотинизам и наркоманија на Македонија, во овој процес бев вклучен од самиот почеток, како претставник на граѓанските организации. „Сметам дека целиот процес се одвиваше многу успешно, објективно, со голема активност од сите структури, како од граѓаните, наставниците и претставниците на  општината. Овој проект успешно се реализираше, и покрај тоа што има и други проблеми, но тие се надевам ќе се решаваат со програмата на општината. Сметам дека и понатаму граѓаните треба да бидат вклучени во одлучувањето и развојот на општината“, ни изјави Николовски.

Заврши форумскиот процес во општина Аеродром

„Работев активно на овој форумски процес. Нашиот проект беше рангиран на второ место. Приоритет ни беше проектот за замена на прозорците и вратите. Се надевам дека има шанси да се работи и понатаму на ова, бидејќи тие средства се плус за работата со деца на предучилишна возраст“, ни рече Биљана Николовска воспитувачка во градинката „Бубамара“.

Вкупната сума на проектот изнесуваше околу 7,5 милиони денари, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Македонскиот центар за меѓународна соработка го водеше целиот форумски процес.

На последователната форумска сесија, на присутните, им се обратија Миодраг Колиќ, од Единицата за координација на форумите во име на СДЦ, Димче Митрески, раководител во МЦМС и Марјан Келемен во име на општина Аеродром.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Заврши форумскиот процес во општина Аеродром