Пет проекти за подобар живот во Битола - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пет проекти за подобар живот во Битола PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E shtunë, 28 shkurt 2009 01:00

На 28 февруари оваа година, во Битола, се одржа четвртата форумска сесија во рамките на програмата Форуми во заедницата. Пред 70-тина граѓани од Битола беа презентирани пет концепт проекти предложени од страна на работните групи.

Пет проекти за подобар живот во Битола

 

Првиот концепт се однесува на с. Кишава. Се предлага да се среди просторот во училишниот двор, да се изградат спортски игралишта, да се постават спортски реквизити, и да се уреди паркот со засадување на дрвца и зеленило. Вториот концепт ја опфаќа населбата „Довлеџик“ и нуди решенија за обележување на пешачките премини во оваа населба, поставување на сообраќајни знаци и лежечки полицајци околу градинката и асфалтирање на споредните улици.

Другите три концепт се однесуваа на средување на Тумбе кафе и тоа: основна инфраструктура (подобрување на водоснабдувањето, канализацијата, осветлувањето), спортско рекреативен комплекс (расчитувањето на трим патеката, заменување на оштетените реквизити и поставување на нови спортски и детски реквизити) и културно - историска знаменитост (обновување на пристапниот пат до Тумбе кафе, формирање на иницијативна група и медиумска застапеност и промоција за информирање на граѓаните за Летната сцена).

Општина Битола е една од осумте општини вклучени во втората фаза на програмата Форуми во заедницата, која се реализира со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. МЦМС го фацилитира процесот во општина Битола.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Пет проекти за подобар живот во Битола