МЦМС ги обучуваше косовските граѓански организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС ги обучуваше косовските граѓански организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 27 shkurt 2009 14:40

На покана на Косовската фондација за граѓанско општество, Фатмир Битиќи и Тања Хафнер Адеми, обучувачи на МЦМС спроведуваа 9 (6 на албански јазик и 3 на српски јазик) обуки за косовските граѓански организации. На обуките присуствуваа 175 претставници на различни граѓански организации кои работат во Косово. Учесниците беа со различна етничка припадност, Албанци, Срби, Роми, Турци и Бошњаци и со различни предзнаења за подготовките на проекти. Обуките се спроведуваа во: Приштина, Пеќ, Ѓаковица, Митровица, Призрен и во Гњилане на албански и на српски јазик.

МЦМС ги обучуваше косовските граѓански организации

Обуката требаше да им ги подобри знаењето и вештините на учесниците за процедурите при аплицирање за грантовите на ЕИДХР како и да обезбедат подетални информации за планирањето, аплицирањето, раководењето и спроведувањето на проектите финансирани од надворешната помош на Европската комисија.

Зенел Буњаку, извршен директор на ИАДК им препорачува на сите да ги следат овие обуки. „Ова беше едно големо искуство за нас и научивме многу од оваа обука“, вели Буњаку. „Досега не сме имале искуства со ЕУ фондовите, значи ниту со нивните процедури. Се надевам дека стекнатите знаења ќе можеме да ги примениме во иднина“, додаде тој.

По спроведувањето на обуките, учесниците ги разбраа критериумите и информациите за подобноста на одредени типови активности; го разбраа процесот на анализа на проблеми, анализа на цели, како од стратешка анализа да стигнат до логика на интервенција итн.

„Фидбекот од учесниците, за корисноста на информациите што ги добиле, беше многу позитивен“, рече Фатмир Битиќи, еден од обучувачите. „Учесниците беа многу заинтересирани да научат но, имаше малку време за навлегување подлабоко и за вежбање на пристапот на логичка рамка. Освен тоа, за оние кои немаа претходни искуства ова беа многу нови информации“, додаде Битиќи.

Учесниците покажаа интерес да аплицираат на отворениот повик на ЕИДХР. Успешноста на нивните апликации ќе биде најдобар доказ за наученото во деновите на обуката.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МЦМС ги обучуваше косовските граѓански организации