Размена на знаења за други религии - извршно резиме |
![]() |
![]() |
![]() |
Пред започнување на програмата МСМ, соработката помеѓу верските заедници, но и онаа помеѓу Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки била недоволно развиена. Студентите од двата теолошки факултети недоволно се среќавале, не комуницирале и имале многу мали познавања за другите религии. Нивните сознанија воглавном се сведувале на познавањата на нивните професори, кои по предметите за Компаративни религии ги запознавале студентите со православието, исламот, католицизмот, протестантизмот или јудаизмот. Сепак, овие сознанија не биле изворни.
Општа цел е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија. Цел на проектот е зголемување на знаењето и разбирањето (образованието) кај студентите од теолошките факултети за нивните колеги од другата (религија /конфесија/вера) институција. Активности преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: пет разменски предавања на теолошките факултети, една посета на теолошки училишта и една посета на верски објекти. Покрај тоа, во рамките на овој проект, ќе се направи и збирка/зборник на сите досегашни предавања. Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: поддршката од двата теолошки факултети, но и од верските заедници воопшто, интересот на студентите за учество во активностите и нивната подготвеност да научат нешто ново за другиот. Сите релевантни актери од оваа област ќе бидат вклучени во проектот. Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки ќе бидат водечки организации при спроведувањето на проектот. Временскиот период на спроведување е 5 март – 10 јули 2008 година. Финансискиот план на проектот е 192,000 МКД, од кои МЦМС обезбедува 187,000 МКД, а Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки учествуваат со 5,000 МКД.
|