Размена на знаења за други религии - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Размена на знаења за други религии - извршно резиме PDF Print E-mail

Пред започнување на програмата МСМ, соработката помеѓу верските заедници, но и онаа помеѓу Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки била недоволно развиена. Студентите од двата теолошки факултети недоволно се среќавале, не комуницирале и имале многу мали познавања за другите религии. Нивните сознанија воглавном се сведувале на познавањата на нивните професори, кои по предметите за Компаративни религии ги запознавале студентите со православието, исламот, католицизмот, протестантизмот или јудаизмот. Сепак, овие сознанија не биле изворни.

МСМ101Со почетокот на програмата во 2003 година, беа направени низа разменски предавања, каде што студентите од двата теолошки факултети имаа можност да дознаат нешто повеќе за другите религии. Покрај предавањата во тој период започнаа и меѓусебните посети на теолошки училишта и верски објекти. Преку овие активности, студентите имаа можност меѓусебно подобро да се запознаат и да комуницираат. Проектот во изминатите години се покажа како успешна алатка за надминување на предрасудите, така да се предлага негово продолжување и оваа година.

Општа цел е да се збогати меѓусебната соработка на верските заедници и да се подобри разбирањето за нив кај целокупната јавност во Македонија.

Цел на проектот е зголемување на знаењето и разбирањето (образованието) кај студентите од теолошките факултети за нивните колеги од другата (религија /конфесија/вера) институција.

Активности преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: пет разменски предавања на теолошките факултети, една посета на теолошки училишта и една посета на верски објекти. Покрај тоа, во рамките на овој проект, ќе се направи и збирка/зборник на сите досегашни предавања.

Претпоставки кои влијаат и придонесуваат кон проектните резултати се: поддршката од двата теолошки факултети, но и од верските заедници воопшто, интересот на студентите за учество во активностите и нивната подготвеност да научат нешто ново за другиот.

Сите релевантни актери од оваа област ќе бидат вклучени во проектот. Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки ќе бидат водечки организации при спроведувањето на проектот.

Временскиот период на спроведување е 5 март – 10 јули 2008 година.

Финансискиот план на проектот е 192,000 МКД, од кои МЦМС обезбедува 187,000 МКД, а Богословскиот факултет и Факултетот за исламски науки учествуваат со 5,000 МКД.

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Размена на знаења за други религии - извршно резиме