Квалитетно образование за сите - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Квалитетно образование за сите - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Република Македонија е земја со разноликост на етнички групи, но и разни социјални и маргинализирани групи. Еден од најголемите проблеми кои се јавуваат во нашето општество е сегрегација на етничките и маргинализираните групи во сите аспекти на општествениот живот, а посебно во образовниот процес. Тука, акцент е ставен на децата, кои наместо во училишните клупи се наоѓаат на улица, каде не ретко се жртви на насилство, се експолоатира нивниот труд, стануваат жртви на малолетничка деликвенција и сл.

Општа цел на проектот е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Цел на проектот е да се придонесе кон еднакви можности и намалување на исклучувањето на децата од маргинализираните групи од задолжителниот образовен процес во Македонија.

Целна група на проектот се претставници на релевантни јавни установи: МОН и неговите тела (Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на етничките заедници и Бирото за развој на образованието), основните училишта и единиците на локалната самоуправа.

Дел од активностите ќе бидат насочени и кон општата јавност. Директни корисници ќе бидат околу 240.000 ученици од 364 основни училишта во земјата.

Резултати кои се очекуваат да бидат постигнати со проектот се: учество на околу 240.000 ученици од 364 основни училишта и јавни личности во „најмасовниот училиштен час“. Настанот ќе биде клучен дел на мини-кампањата за намалување на исклучувањето и ќе биде придонесот на Македонија во меѓународниот обид да се постави Гинисов рекорд за „најмасовен час“; усвоени заклучоци и препораки за намалување на исклучувањето (по сите основи) на децата од образовниот процес и формирано меѓусекторско тело (работна група) за да го следи спроведувањето на истите.

За реализација на проектот се предвидени следните активности:

  • подготовка на кампањата (средби со МОН, со граѓанските организации, информации до основните училишта);
  • прес конференција за медиумите;
  • еднодневна медиумска тура, посета на институции, домови, гетоизирани области за да се види какви образовни услови имаат децата (со посебни потреби, со намалени можности);
  • најголем час на светот, синхронизирано во целиот свет. Ќе се одржи 30 минутен школски час, на кој децата ќе ги учат возрасните. На настанот ќе учествуваат функционери, јавни личности, наставници итн; отворена дебата на ТВ;
  • културна манифестација/концерт на кој децата ќе се претстават со свои точки
  • конференција на тема „Вклучување на сите деца во образовниот процес во Република Македонија“.

Периодот на спроведување е 1 април – 31 мај 2008 година.

Предуслов да се спроведе проектот е да се добие дозвола (согласност) од МОН за вклучување на училиштата во предвидените активности. Досегашното искуство покажува дека МОН редовно ги поддржува овие активности.

Во спроведување на проектот ќе бидат вклучени и други организации како: Сончогледи, Мир, Ел хилал, Глобална кампања за образование, Глобален марш против детскиот труд.
Проектот ќе биде дел од програмата МБД. Вкупниот буџет изнесува 446.300 денари. Побарани средства од МЦМС се 269.000 денари.

 

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Квалитетно образование за сите - извршно резиме