Реакција на платформа за борба против корупцијата: Барање за интегритет, департизација и одговорност на членовите на ДКСК - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реакција на платформа за борба против корупцијата: Барање за интегритет, департизација и одговорност на членовите на ДКСК PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 12 mars 2018 15:55

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (Платформата) бара воспоставување професионално тело за антикорупција кое ефективно, независно и со висок интегритет ќе иницира и ќе ги спроведува законските надлежности и политиките за спречување на корупцијата во Република Македонија. Платформата повикува на промена на актуелниот модел за избор на членовите на  Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) кој ќе се базира на компетентност и интегритет, без партиски влијанија, преку јавен распит на кандидатите во Собранието на РМ. Бараме претставници на граѓанското општество активно да учествуваат во распитот и да влијаат на одлуката за избор на членовите на ДКСК. Исто така бараме како приоритет да се поведе постапка за преиспитување на моделот на институција за борба против корупцијата, и формирање на институција која ќе ги задоволи меѓународните стандарди за независност, ефикасност и неселективност во работењето.

platfrma

Укажуваме дека за Платформата е неприфатливо членовите на ДКСК да бидат предмет на меѓупартиски преговори, со што би продолжила досегашната практика на лојалност кон политиката на власт, наместо нејзина активна контрола и почитување на законите.

Во изминатите три години Платформата во континуитет укажува на неефикасната борба против корупцијата, на назадување на земјата по однос сите индекси за корумпираност, владеење на правото и ефикасност на институциите за справување со корупцијата и криминалот. Голема одговорност носат последните состави на членови на ДКСК во врска со констатираната неактивност, нетранспаретност и селективност при извршување на својата функција, што се должи на нивната некомпетентност и недостаток на личен и професионален интегритет. Граѓаните немаат доверба во ДКСК, поради што е неопходно да се воспостави ефикасен систем за граѓанска контрола над работата на ова тело.

Во изминатите десет години ДКСК наместо да се занимава со корупцијата на високо ниво, помеѓу носителите на политички функции, своите активности ги насочуваше кон одредени случаи на „ниска“ корупција на администрација. Наместо да ги испитува центрите на моќ кои ја заробија државата, ДКСК кон крајот на 2016 г. поттикната од лидерот на политичката партија на власт, побара од Јавното обвинителство, Управата за јавни приходи (УЈП) и Управата за финансиско разузнавање врз 21 здружение и фондација да вршат долготрајни детални контроли на финансиско-материјалното работење. Оваа активност претставена како контрола на наводно незаконско работење всушност претставуваше притисок над оние кои ја остваруваат својата улога на коректив на власта.

Наодите за неосновано трошење на буџетски средства во ДКСК откриени при ревизијата од страна на УЈП, на површина исфрлија само дел од негативните состојби, кои веќе подолго време се присутни во ова тело. Поради тоа сметаме дека поднесените оставки не смеат да бидат „доволни“ и бараме истрага и утврдување на постоење на основи за одговорност за незаконито работење, корупција, тргување со влијание и злоупотреба на службената должност.

Платформата го упатува ова барање до Собранието, како надлежен орган за избор на членовите на ДКСК, до Владата и до политичките партии со цел сите засегнати страни соодветно да размислат и во овие клучни моменти на утврдување на правецот и одлучноста за развој на демократијата во државата да предложат  решение кое ќе понуди бескомпромисно справување со корупцијата како распространета форма на криминал и фактор за назадување во евроинтеграциските процеси и економскиот развој на земјата.

org


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Реакција на платформа за борба против корупцијата: Барање за интегритет, департизација и одговорност на членовите на ДКСК