Мрежа Стела е добитник на Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) - CBLA - 2026 година - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Мрежа Стела е добитник на Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) - CBLA - 2026 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 15 korrik 2026 12:54

Иницијативата на Мрежа Стела беше препознаена поради нејзината јасна поврзаност со целите на наградата, силниот придонес кон зајакнување на жените и унапредување на пристапите за превенција и спречување на насилен екстремизам, како и поради потенцијалот за долгорочно и одржливо влијание во заедницата.

CBLA

Во периодот од јули до ноември 2026 година, Мрежа Стела ќе ја реализира наградената иницијатива со финансиска поддршка од ГЦЕРФ. МЦМС ќе продолжи да ја следи реализацијата на активностите и да обезбедува поддршка во текот на спроведувањето.

МЦМС им ја честита наградата на Мрежа Стела и им се заблагодарува на сите кандидатки и организации што учествуваа во јавниот повик. Нивниот интерес и посветеност уште еднаш ја потврдуваат важноста на локалните иницијативи и значајната улога на жените во создавањето поотпорни, инклузивни и побезбедни заедници.

Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) е посветена на поддршка на жени и организации предводени од жени чии активности се поврзани со зајакнување на жените и превенција и спречување на насилниот екстремизам (П/СНЕ). Преку финансиска поддршка од 2.000 американски долари, наградата има за цел да ги поттикне локалните иницијативи што придонесуваат кон развој на организации предводени од жени, унапредување на женското лидерство, како и поддршка на жените и заедниците изложени на ризик од насилен екстремизам.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во 2026 година беше избран за носител на иницијативата „Карол Белами“ (Carol Bellamy) во Северна Македонија од страна на Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ). Во таа улога, МЦМС спроведе јавен повик, го координираше процесот на оценка и селекција на добитничката и ќе го следи спроведувањето на наградената иницијатива.

На објавениот јавен повик на 22 мај 2026 година, до МЦМС пристигнаа седум пријави од жени и организации предводени од жени од Северна Македонија. Постапка за оценување се одвиваше согласно однапред утврдените критериуми.

Иницијативата е дел од програмата „Рехабилитација за отпорност: патот напред“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за заедничка основа (ЦЗО) и Отворена порта – Ла Страда.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Мрежа Стела е добитник на Наградата за лидерство „Карол Белами“ (Carol Bellamy) - CBLA - 2026 година