Потребни се координирани акции во борбата против корупцијата во Југоисточна Европа |
E hënë, 27 mars 2023 10:05 | |||
На 21 март во Софија, се одржа настан Антикорупција и национална безбедност како дел од антикорупциската група на Самитот за Демократија на кој имаа можност да учествуваат неколку претставници од МЦМС. Војната во Украина ја истакна важноста од заштита на граѓаните, човековите права и преземањето неопходни чекори за ефикасна борба против корупцијата, е еден од главните заклучоци од политичкиот форум, организиран од Центарот за изчување на демократијата, Басел Институт и СЕЛДИ мрежата. Настанот во Софија беше испланиран како платформа за соработка за претставниците на владите и граѓанското општество од Југоисточна Европа и претставниците од Европа и светот. На настанот свое обраќање имаше и Претседателот на Бугарија, Румен Радев кој изјави дека „Само заедно, во силната интеракција, соработка, размена на информации и корисни практики, можеме ефикасно да се бориме против овој негативен феномен на нашето време“. Дополнително свое обраќање имаа и Андреа Брујет-Родригез, вршител на должност Амбасадор на Америка во Бугарија, Холандискиот Амбасадор во Бугарија, Симон ван дер Бург и други високи претставници од САД. Претставници на владите и министри за правда од земјите од регионот имаа можност да ги презентираат постигнувањата на владите и ја дискутираа агендата за следните чекори. Како продолжение на настанот, претставници на антикорупциските институции и граѓански организации имаа можност да споделат добри практики и практични решенија за заеднички акции. Говорниците се фокусираа на достапните методологии и политики за откривање и санкционирање на незаконито богатење и обезбедување препораки како анкетните листови може да се користат поефективно во превенција на корупцијата. Александар Кржаловски, директор на МЦМС ја модерираше оваа сесија и истакна дека потребно е да се преземат чекори за надградување на постоечките антикорупциски политики и мерки и го потенцираше потенцијалот на јавно-приватното партнерство во превенцијата и борбата против корупцијата.
|